среда, 16 август 2017 | Вести денес: 73 ново

Погледнете: Вака ве шпиунираат преку камерата на лаптопот

АОЛ деволоперот Ран Бар – Зик откри нов безбедносен пропуст во Google Chrome кој им овозможува на сајтовите да го снимаат звукот и видеото без знаење на корисниците и без давање на било каков знал дека снимањето е во тек.

Иако багот, од корисниците бара дозвола за користење на аудио и видео функцијата (камера, микрофон…) уредот со кој се користи, безбедносниот истражувач тврди дека тоа може да се злоупотреби и да се искористи за шпиунирање.

Бар-Зик пропустот го пријави во Google, кој истакна дека проблемот не е валиден безбедносен пропуст, што всушност значи дека не може да се очекува брзо решение на проблемот.

Тој за порталот BleepingComputer изјави дека на проблемот наишол на работа кога на еден сајт го покренал WEBRTC кодот. Тој код е протокол за извршување на аудио и видео содржини во реално време, односно овозможува стримување на интернет.

Top