понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 45 ново

Алвес: Не треба да ве потсетувам како го добија последното финале

Дани Алвес во дрштво на Леонардо Бонучи беше фудбалерот кој ја одржа стандардната прес-конференија во пресрет на големото финале меѓу Јувентус и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а бидејќи Бразилецот е познат како играч кој зборува без влакна на јазикот, воопшто не чуди фактот што токму тој ја даде првата зајадлива изјава пред важниот меч.

Поранешниот десен бек на Барселона има уникатна шанса да стигне до најзначајниот трофеј на клупско ниво со екипата на Јувентус, а иако потенцираше дека шансите за тоа му се 50 проценти, не заборави да потсети како Реал Мадрид го доби последното финале против „старата дама“ во 1998 година.

Алвес алудираше на контроверзниот гол од офсајд кој го постигна Мијатовиќ, додавајќи дека фантастичниот процент на победи против Реал не значи ништо на овој дуел бидејќи ова е пресметка меѓу Јувентус и Реал, а не меѓу Дани Алвес и Реал.

Ова финале е навистина посебно за мене поради тоа што одново сум опкружен со големи фудбалери. Цел свет сака да биде дел од овој меч, а ние сме привилегирани што можеме да се најдеме на теренот. Сакам да потсетам дека ова не е меч меѓу Алвес и Реал Мадрид, се што се случило претходно се заборава, ова е дуел меѓу Јувентус и Реал Мадрид. Не треба многу да ве потсетувам. Последното финале против Јувентус го доби Реал Мадрид, и тоа со гол од офсајд – потенцирал Бразилецот кој со својата изјава ги разгоре страстите пред утрешниот меч.

Top