четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 26 ново

Ливерпул понуди 30 милиони евра за Салах, Рома одби!

Италијанскиот калчолигаш Рома ја одби првичната понуда на англискиот клуб Ливерпул за Египќанецот Мохамед Салах. Брзиот крилен фудбалер на „волчицата“ е една од најголемните желби на менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, во пресрет на новата сезона. Ливерпул ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а Клоп верува дека токму Салах би можел да биде капиталното засилување кое ќе го одведе тимот во групната фаза од елитното европско клупско натпреварување.

Ливерпул понуди 30 милиони евра за ангажман на Салах, но италијанските медиуми информираат дека тоа не е доволно за раководството на Рома. Англискиот премиерлигаш ќе треба да се обиде со нова, побогата понуда, а се претпоставува дека Рома би прифатила околу 35 милиони евра за да го продаде својот фудбалер.

Top