четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 28 ново

Совет од големите заводници: допирајте ја и ќе ве памети засекогаш

Вистинскиот маж не се  фали со бројот на дамите со кои бил како ниту за авантурите кои ги доживеал во спалната соба.

Најголемите  заводници и тоа како знаат дека нема потреба од себе фалење доколку ја воодушеват партнерката во спалната соба поради тоа што  целата „рекламна кампања“ преполна со пофални зборови ќе им ја направи токму таа – задоволената жена.

Големите заводници ги открија тајните од спалната соба појаснувајќи дека е сосема пожелно да обрнувате доволно внимание на нејзините гради и „таму долу” но за вистинско возбудување и полудување, тие  советуваат да ја допирајте токму тука:

Нејзините ножни прсти

Иако можеби на почетокот ќе се чувствува скокотливо, ако доволно се потрудите на вашата партнерка ќе и пружите невидено задоволство. Во текот на предиграта, започнете со нежна масажа на нејзиното стапало, а не се ни сомневајте дека таа ќе се возбуди.

86002380

Нејзината коса

Вашата партнерка сигурно посветува многу време на својата коса, па покажете и дека сте свесни за тоа. Следниот пат кога ќе кренете во акција, галете ја нејзината коса и со прстите поминувајте и по темето. На тој начин, ги стимулирате сите нејзини сетила и ѝ помагате целосно да се препушти.

Нејзината мека и нежна кожа

Обрнете внимание на најнежните и најмеките делови од нејзиното тело: внатрешната страна на бутовите, долниот дел на стомакот и внатрешната страна на раката. Но бидете внимателни и нежно галете ја, доколку сте груби и невнимателни тоа ќе ја олади вашата партнерка.

sex-woman

Допрете и ги мислите

Разбудете ја нејзината фантазија. Секако дека не можете буквално тоа да го направите, туку фигуративно стимулирајте со неколку реченици кои целосно ќе ја полудат. Така додека и ја допирате кожата давајте и комплименти како на пример: „Ја обожавам твојата кожа, толку е нежна и свилена…” Комбинацијата на ментални и физички стимулации ќе ја полудат и возбудат вашата партнерка како никогаш досега.

 

e1aacab8b616950532c1caa84179e6e5

Top