понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 116 ново

Шарените платеници и соросоидите се вдомија во министерството за култура

Плукањето по сите проекти во културата на кои работеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, особено  „Скопје 2014“ им се исплатеше на дел од платениците кои први влегоа во министерскиот кабинет со новиот министер за култура, Роберт Алоѓозовски. Тоа ги открива и вистинските причини на ликови како Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, или Мирослав Грчев – фотелјите.

Граѓаните пред неколку години остро ги осудија зборовите на Ѓунер Исмаил дека тој ќе ги рушел дел од спомениците. Тој тогаш ја поддржа теоријата на францускиот клуч на Љубомир Фрчковски, а граѓаните кон двајцата упатија зборови дека го поддржуваат проектот и дека ништо што е изградено, нема да дозволат да се сруши. Тој најави рушење на фонтанта Воин на коњ, на споменикот на Филип Втори, Никола Карев и многу други

-Теоријата на францускиот клуч апсолутно ја поддржувам, особено за некои споменици кои се навреда за нашиот вкус, кои се навреда за интелегенцијата на граѓаните. Конкретно од оној воин, со се татко му, мајка му и роднините па натака… Со се Никола Карев, непропорционалниот Никола Карев пред Собранието, целата таа глумента таму наспроти Собранието, која служи за потсмев, изјави тогаш Исмаил.

Никола Наумовски е уште еден од оние кои влегоа со новиот министер во кабинетот, тој е еден од учесниците во Шарената револуција, која уништуваше и сквернавеше дел од проектите не само од Скопје 2014, туку и многу други објекти низ нашиот главен град. Станува збор за истиот оној Никола Наумовски кој даде предлог Скопје 2014 да се руши со динамит.

Уште еден од оние кои ќе се офајдат од своето плукање по сите проекти од културата е архитектот Мирослав Грчев, човекот кој како градоначалник на Центар важи за еден од инспираторите на урбаната мафија во овој дел од Скопје. Грчев имаше значајна улога во бркањето на хотелскиот бренд Шератон, кој имаше идеја да изгради хотел во Скопје, тој е и автор на скандалозната и бесправна градба Тифани.

-Ако ги запалиме бараките на Град Скопје и зградата на Владата – симболично одговорните топоси за ова злосторничко уништување на нашите животи, интегритет и достоинство – и ги „обработиме“ со градежна механизација, со булдожери и багери, Спомениците на Злото од „Скопје 2014“, е тогаш бидете сигурни дека тие скотови ќе ја сфатат пораката!, напиша Грчев заканувачки во една колумна.

Уште еден од оние што влезе во канцеларијата со Алоѓозовски е и актерот Петар Арсовски, кои не крие дека е член на СДСМ, и со сите сили напаѓаше по проектот Скопје 2014. Тој е и познат по тоа што ги навредува луѓето кои не се согласуваат со неговото мислење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top