петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Хуманитарен концерт: Аријана се враќа во Манчестер на 4 јуни, заедно со Џастин Бибер, Кејти Пери, Мајли Сајрус, Фарел

Аријана Гранде им вети на жртвите од бомбашкиот напад во Манчестер дека ќе се врати во градот за да одржи добротворен концерт, и тоа и го исполнува. Концертот е закажан за 4 јуни, а ќе и се придружат голем број музички ѕвезди.

Концертот е насловен „One Love Manchester“. На сцената на Аријана ќе и се придружат и Џастин Бибер, „Колдплеј“, Кејти Пери, Мајли Сајрус, Фарел, Ашер, „Тејк дет“ и други.

Ѕвездите ќе пеат во чест на жртвите на стадионот Емиратс Олд Тафор кој собира околу 50.000 луѓе, а освен што во живо ќе се пренесува на Би-би-си, наскоро ќе бидат објавени и стриминг партнери за да може да се следи низ светот.

Сите пари ќе одат во фондот „We Love Manchester“.

Top