недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Грчките граници затворени: На „Ники“ се пропуштаат само пешаци, на „Евзони“ повремено автомобили

granica guzva bogorodicaГраничните премини кон Грција од денеска ќе функционираат отежнато поради 24-часовниот штрајк на грчката царина. На граничните премини „Дојран“ и „Ники“ ќе се пропуштаат само пешаци, додека на граничиниот премин „Евзони“ товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, а повремено ќе се пуштаат автомобили и автобуси.

Како што информира АМСМ, од вчера во 21 часот на граничниот премин „Стар Дојран“ грчката царина не пропушта патнички и товарни возила, односно се пропуштаат само пешаци. На граничниот премин „Богородица“ од ноќеска на полноќ товарниот сообраќај при влез и излез во Грција е во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-ина минути пропуштање).

Утринава од 7.00 часот почна штрајк и на граничниот премин „Ники“ и ќе трае до 24 часот. Поради тоа на граничниот премин Меџитлија ќе бидат пропуштани само патници што патуваат пеш додека возилата нема да бидат пропуштани.

Top