среда, 23 август 2017 | Вести денес: 71 ново

„Мала“ – нов сингл и спот на Здравко Чолиќ

Денеска премиерно на пладне беше објавен новиот спот и сингл – “Мала” од Здравко Чолиќ, на официјалниот „јутјуб“ канал на Чолиќ.

Текстот и музиката се со потпис на Момчило Бајагиќ Бајага, аранжманот е на Никша Братош, а режијата, како и за неколку претходни спотови така и сега, Чолиќ ја доверува на Александар Керекеш Кеки, чија замисла овој пат е емоциите од оваа летна песна да се доловат низ една романтична и заводлива филмска приказна.

Спотот е сниман на шест различни локации – Од Котор до Бар, преку Скадарско езеро, во Црна Гора.

SEG_1522-D-CROP-WEB-1024x1024

– Се радувам и многу ми е драго што за мојот роденден ќе и подарам на публиката нова песна и спот. Во план е оваа есен да биде објавен 15. студиски албум, а ова е прва песна од новиот албум која ја претставувам, која ја работев со моите долгогодишни соработници – открива Чолиќ.

Актерката Јелена Гавриловиќ ја има главната улога на „Мала”.

Top