среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Ѕвездите ќе мора да ги покажат своите мани – Инстаграм ќе ги означува сликите направени во Фотошоп

inst

Една од најпопуларните социјални мрежи, „Инстаграм“ воведува новитет кој нема да им се допадне на љубителите на фотошоп. Инстаграм наскоро ќе става „воден печат“ на фотографиите направени на фотошоп со цел сите корисници да знаат дека таа објава е обработена.

Челниците на оваа социјална мрежа се одлучиле за оваа мерка по предлог на експертите од здравствената организација „Royal Society for Public Health“, која од неодамна заклучи дека „идеализираните фотографии на јавните личности“ негативно влијаат врз самодовербата на тинејџерите. Ова во превод значи дека домашните, балканските, но и светските ѕвезди одсега ќе мора да „признаат“ како изгледаат без помош на фотошоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top