недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 36 ново

„Про-за Балкан“: Миљенко Јерговиќ вечерва ќе ја прими наградата „Прозарт“

Наградата „Прозарт“ во изминатите четири години ја добија писателите Владислав Бајац, Даша Дрндиќ, Вида Огњеновиќ и Георги Господинов. Со нејзиното врачување на Јерговиќ вечер во 19.30 часот во Даут-пашин амам, каде и другите писатели учесници ќе читаат извадоци од своите дела, ќе биде затворен годинашниот „Про-за Балкан“ кој го организира издавачката куќа „Икона’

Во галеријата Даут-пашин амам вечер ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ, која Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ ја доделува петта година за авторски придонес во развојот на книжевноста на Балканот.

Миљенко Јерговиќ, кој беше гостин на првото издание на „Про-за Балкан“, е роден во 1966 година во Сараево, а денес живее во Загреб. Автор е на повеќе од 30 романи, збирки раскази и поетски изданија. Добитник е на голем број национални и меѓународни книжевни награди, како наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“ (1995), италијанската Premio Grinzane Cavour (2003), Ангелската книжевна награда за најдобар роман во Средна Европа (Полска, 2012) и наградата „Његош“ (2015). Тој е еден од најчитаните автори во регионот.

Наградата „Прозарт“ во изминатите четири години ја добија писателите Владислав Бајац, Даша Дрндиќ, Вида Огњеновиќ и Георги Господинов. Со нејзиното врачување на Јерговиќ вечер во 19.30 часот во Даут-пашин амам, каде и другите писатели учесници ќе читаат извадоци од своите дела, ќе биде затворен годинашниот „Про-за Балкан“ кој го организира издавачката куќа „Икона’.

Претходно во „Менада“ издавачката куќа „Бегемот“ ќе го промовира романот „Рута Таненбаум“ од Јерговиќ, а разговорот со авторот ќе го водат Ѓоко Здравески и Илина Јакимовска.

Top