четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 28 ново

Поранешна љубовница на шеикот раскажува: Бевме 11 девојки, го чекав својот ред за секс

Џил Дод е исклучително успешна деловна жена и основач на меѓународно признатиот бренд за облека „Рокси“ која за „Дејли мејл“ го раскажува своето искуство како љубовница на еден шеик.

Во раните 80-ти, таа била млада и наивна манекенка која на едно патување во Кан со пријателите го запознала милијардерот и трговец со оружје, Аднан Кашоги. Кратко откако се запознале тој побарал од неа да биде негова љубовница.

Според законот во Саудиска Арабија, тој смеел да имам 11 љубовници и три законски жени. – Се согласив. Од тој момент станав една од жените во неговиот харем, и се менував со други жени, чекајќи го својот ред за да имам секс со човекот кој го засакав – вели Џил.

Аднан бил 24 години постар од неа, и како што таа вели, бил низок, подебел и ќелав, но тоа нејзе не ѝ пречело.

– Никогаш не сум запознала поинтелигентен, поелоквентен и позабавен маж од него – изјавила Дод.

Таа вели дека секогаш бил опкружен со жени и го опишала како неверојатен љубовник.

– Некои од неговите љубовници изгледаа толку младо што човек би помислил дека се работи за средношколки – додава таа. Аднан ја опсипувал со скапоцени подароци, а дури и го платил и образованието на еден институт за мода.

Своевремено, Џил ги красела страниците на познатите списанија Вог и Мари Клер и била многу успешна манекенка.

Кон крајот на 1981. година, таа почнала да се чувствува непријатно во целата ситуација.

– Една вечер влезе во мојата соба за да ми даде подарок. Кога го виде моето лице, ми рече дека ја згрешил собата и ми кажа да го задржам подарокот. Срцето ми застана, тој мислеше дека сум друга девојка – вели таа.

Својот однос го завршиле во 1982. година, а седум години подоцна, Дод ја основала компанијата „Рокси“.

Top