среда, 23 август 2017 | Вести денес: 31 ново

Во Берлин: Доделени наградите на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа

Синоќа, во големата сала на познатото берлинско кино „Бабилон“  со доделувањето на наградите заврши третото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа  SEE  во Берлин 2017 година.

Интернационалното жири во состав: Манфред Ајхел – филмски критичар од Германија, Нела Луциќ актерка од Рим и Лоран Балаш Имре режисер од Унгарија ги додели следниве награди: Најдобра женска улога – Наташа Дорчиќ од Храватска за улогата во филмот „Ти ме носиш“, најдобра машка улога – Донат Ќосја од Косово за улогата во „Доме сладок доме“, Најдобра режија – Бујар Алимани од Албанија за филмот „Хром“, а  за најдобар филм  беше прогласен „Убијци на тркала“ од Унгарија.

Покрај ова беад доделени и наградите на интернационалното  младинско жири. За најдобар актер и актерка  беа прогласени Горан Хајдуковиќ и Лана Бариќ од хрватскиот филм „Ти ме носиш“, најдобра режија – Бујар Алимани за филмот „Хром“, а за најдобар филм беше прогласен „Доме сладок доме“ во косовско –македонска копродукција.

Фестивалот продолжува во Париз, кога на 31 мај ќе започне седмото издание на SEE a Paris 2017.

Top