петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 63 ново

Д-р Митева, ортодонт: Децата денес заборавија да џвакаат

Де­нес му­ску­ли­те во уста­та се атро­фи­ра­ни ка­ко ре­зул­тат на се­којд­нев­на­та ис­хра­на на про­це­си­ра­на хра­на, та­ка­на­ре­че­на „бр­за хра­на“, ко­ја е леп­ли­ва, ве­ќе со­ме­ле­на и не­ма по­тре­ба да се џва­ка. Мно­гу е мо­дер­но да се пие сму­ти и блен­ди­ра­ни со­ко­ви, кои, мо­же­би, се здра­ви и по­лес­ни за кон­су­ми­ра­ње, но не му по­ма­га­ат на па­ци­ен­тот да ги раз­ви­ва му­ску­ли­те во ус­на­та праз­ни­на, ве­ли д-р Ми­те­ва

Сѐ по­че­сто де­ца­та но­сат мо­бил­ни, а по­тоа и фикс­ни про­те­зи за да ги ис­пра­ват искри­ве­ни­те за­би. Во ми­на­то­то, по­ма­ла би­ла по­тре­ба­та за ор­то­донт­ски трет­ма­ни за­тоа што лу­ѓе­то ги ко­ри­сте­ле за­би­те за џва­ка­ње. Де­нес де­ца­та за­бо­ра­ви­ја да џва­ка­ат. Де­ве­де­сет от­сто од де­ца­та ди­шат на уста и тоа, исто та­ка, е проб­лем за за­би­те.

– Ова по­себ­но се од­не­су­ва на де­ца­та што жи­ве­ат во град. Ди­ше­ње­то на уста при­до­не­су­ва за не­пра­вил­на по­ста­ве­ност на ја­зи­кот за вре­ме на спи­е­ње и по­ста­ве­ност на ус­ни­те и со са­мо­то тоа, по пат на авто­ма­ти­зам за­би­те се зби­ва­ат во не­пра­вил­на по­ста­ве­ност – ве­ли д-р Ни­на Ми­те­ва, ор­то­донт.

Овој проб­лем со ви­ли­ца­та се ре­ша­ва со про­те­зи, но мно­гу е важ­но на­вре­ме да се поч­не со ор­то­донт­ска те­ра­пи­ја.

Ко­ја е при­чи­на­та што сѐ по­че­сто де­ца­та мо­ра­ат да но­сат про­те­зи, пр­во мо­бил­ни, а по­тоа и фикс­ни про­те­зи?

МИТЕВА: Се сме­ни­ја стан­дар­ди­те. По­ра­но стан­дар­ди­те за есте­ти­ка и за оп­шта здрав­стве­на со­стој­ба на лу­ѓе­то беа по­ни­ски. Де­нес си­те са­ка­ат да има­ат бес­пре­кор­на нас­ме­вка. Ако ги пог­лед­не­ме спи­са­ни­ја­та и вес­ни­ци­те пред 20 го­ди­ни и се­га ќе за­бе­ле­жи­ме раз­ли­ка. То­гаш тие не­маа со­вр­ше­ни нас­ме­вки. Но, де­нес ве­ќе не е та­ка. Мо­дер­ни­от тренд на жи­ве­е­ње ба­ра со­вр­ше­на нас­ме­вка. Отсе­ко­гаш по­сто­е­ла по­тре­ба за ор­то­донт­ски трет­ман, ед­на­кво ка­ко што по­стои и де­нес. Но, све­ста на лу­ѓе­то е сме­не­та и од­го­вор­но­ста на ро­ди­те­ли­те е по­го­ле­ма откол­ку по­ра­но. Во ми­на­то­то, по­ма­ла би­ла по­тре­ба­та за ор­то­донт­ски трет­ма­ни за­тоа што лу­ѓе­то ги ко­ри­сте­ле за­би­те за џва­ка­ње. Ја­де­ле су­ро­ва хра­на, хра­на­та ја џва­ка­ле, за­би­те би­ле во функ­ци­ја и со џва­ка­ње­то ги акти­ви­ра­ле си­те му­ску­ли. Се­га му­ску­ли­те во уста­та се атро­фи­ра­ни ка­ко ре­зул­тат на се­којд­нев­на­та ис­хра­на на про­це­си­ра­на хра­на, та­ка­на­ре­че­на „бр­за хра­на“, ко­ја е леп­ли­ва, ве­ќе со­ме­ле­на и не­ма по­тре­ба да се џва­ка. Мно­гу е мо­дер­но да се пие сму­ти и блен­ди­ра­ни со­ко­ви, кои, мо­же­би, се здра­ви и по­лес­ни за кон­су­ми­ра­ње, но не му по­ма­га­ат на па­ци­ен­тот да ги раз­ви­ва му­ску­ли­те во ус­на­та праз­ни­на. Де­нес де­ца­та, ед­но­став­но, за­бо­ра­ви­ја да џва­ка­ат. Де­нес 90 от­сто од де­ца­та ди­шат на уста и тоа, исто та­ка, е проб­лем за за­би­те. Ова по­себ­но се од­не­су­ва на де­ца­та што жи­ве­ат во град. Ди­ше­ње­то на уста при­до­не­су­ва за не­пра­вил­на по­ста­ве­ност на ја­зи­кот за вре­ме на спи­е­ње и по­ста­ве­ност на ус­ни­те и со са­мо­то тоа, по пат на авто­ма­ти­зам за­би­те се зби­ва­ат во ед­на не­пра­вил­на по­ста­ве­ност. Ту­ка вли­ја­ат и штет­ни­те на­ви­ки ка­ко што се гриц­ка­ње но­кти, пен­кал­ца, мо­ли­ви.

Ко­га прв­пат ро­ди­те­лот тре­ба да го од­не­се де­те­то на прег­лед кај ор­то­донт?

МИТЕВА: Пр­ва­та по­се­та кај ор­то­донт тре­ба да би­де ко­га кај де­те­то ќе ник­нат си­те млеч­ни за­би, а тоа е не­ка­де око­лу пет­та­та го­ди­на. Не­ко­гаш има по­тре­ба за ор­то­донт­ски прег­лед и кај три или че­ти­ри­го­диш­ни де­ца. Во пра­кти­ка­та сме се сре­ќа­ва­ле и со слу­чаи ка­де што по­тре­ба за ор­то­донт­ски прег­лед по­стои и кај ед­но­го­диш­ни де­ца.

Што оп­фа­ќа ор­то­донт­ски­от прег­лед?

МИТЕВА: Ор­то­донт­ски­от прег­лед се со­стои од над­во­ре­шен прег­лед, а тоа по­драз­би­ра ка­ко гол­та де­те­то, се ана­ли­зи­ра не­го­ви­от го­вор, да­ли пра­вил­но го по­ста­ву­ва ја­зи­кот ко­га из­го­ва­ра одре­де­ни бу­кви, да­ли, мо­же­би, ја гриц­ка уста­та, ци­ца прст, или цуц­ла. Кај ин­тра­о­рал­ни­от прег­лед се ана­ли­за рас­по­ре­дот на за­би­те, рас­тот и раз­во­јот на ви­ли­ци­те, да­ли не­што не­до­сти­га, да­ли има пре­ку­бро­ен заб. Ако има по­тре­ба, се зе­ма от­пе­ча­ток од гор­на и од дол­на ви­ли­ца и се пра­ват сту­дио-мо­де­ли, кои се из­ле­ва­ат во гипс и, спо­ред на­ши­те ор­то­донт­ски ме­ре­ња, до­не­су­ва­ме со­од­ве­тен зак­лу­чок и план за на­та­мош­на­та те­ра­пи­ја.

Ко­га се но­сат мо­бил­ни, а ко­га фикс­ни про­те­зи?

МИТЕВА: Мо­бил­ни про­те­зи се но­сат во мо­мен­тот ко­га ќе се по­ста­ви ди­јаг­но­за де­ка де­те­то има по­тре­ба од ор­то­донт­ска те­ра­пи­ја. Таа се­ко­гаш поч­ну­ва со мо­бил­ни про­те­зи. Нај­че­сто тоа се де­ца до 12-го­диш­на во­зраст. Ако де­те­то е ре­до­вен па­ци­ент и е пра­вил­но тре­ти­ра­но со мо­бил­ни, под­виж­ни про­те­зи, то­гаш мно­гу че­сто се слу­чу­ва те­ра­пи­ја­та да за­вр­ши ус­пеш­но и да не­ма по­тре­ба од фикс­ни про­те­зи. Но, ако де­те­то не со­ра­бо­ту­ва и ако трет­ма­нот не е поч­нат на­вре­ме, то­гаш по­тре­ба­та од ор­то­донт­ска те­ра­пи­ја е не­ми­нов­на. Да­ли ќе се на­пра­ви на 12 го­ди­ни или во по­доц­неж­ни­те го­ди­ни, за­ви­си од ано­ма­ли­ја­та. За тоа ре­ша­ва ор­то­дон­тот. Не­ко­гаш е по­треб­но и да се по­че­ка, да дој­де ви­стин­ско­то вре­ме и то­гаш да се по­ста­ви апа­ра­тот. Мо­бил­ни­те про­те­зи се но­сат до­де­ка не се по­стиг­не по­са­ку­ва­ни­от ус­пех. Трај­ни­те, од­нос­но фикс­ни­те про­те­зи се но­сат во про­сек око­лу ед­на и пол го­ди­на.

dr-Nina-Miteva-IMG_7713 (Custom)

Отсе­ко­гаш по­сто­е­ла по­тре­ба за ор­то­донт­ски трет­ман, ед­на­кво ка­ко што по­стои и де­нес, вели д-р Митева

Ка­кви дру­ги ви­до­ви про­те­зи по­сто­јат?

МИТЕВА: По­сто­јат ми­о­функ­ци­о­нал­ни про­те­зи, кои се за­ме­на за мо­бил­ни­те про­те­зи и ги ис­пра­ва­ат за­би­те на еден мал­ку по­и­на­ков на­чин и се мно­гу при­фат­ли­ви за де­ца­та. Изра­бо­те­ни се од си­ли­кон, ме­ки се, не­ма­ат жи­ци, ни­ту, пак, твр­да пла­сти­ка, ко­ја им пре­чи на неп­це­то и дејс­тву­ва­ат во ис­пра­ва­ње на ма­ни­те во по­ве­ќе прав­ци. Дејс­тву­ва­ат на му­ску­ли­те, на ја­зи­кот, на за­би­те и на ал­ве­о­лар­ни­те гре­бе­ни. Со нив има­ме го­лем ус­пех во ис­пра­ву­ва­ње на за­би­те и мно­гу се при­фа­те­ни од стра­на на де­ца­та. Овие про­те­зи се но­сат на­ве­чер, до­де­ка де­те­то спие и по три-че­ти­ри ча­са во те­кот на де­нот. По­стои и ми­о­функ­ци­о­нал­на те­ра­пи­ја за во­зрас­ни, та­ка што не­ма вре­мен­ска гра­ни­ца за нив­но но­се­ње. Во ор­то­дон­ци­ја­та си­те ни се па­ци­ен­ти – од ед­на го­ди­на до 77 го­ди­ни. По­сто­јат и не­вид­ли­ви про­те­зи, кои се за­ме­на за фикс­ни­те про­те­зи. Тие се но­сат ка­ко ед­на тен­ка фо­ли­ја на за­би­те на гор­на­та и на дол­на­та ви­ли­ца. Па­ци­ен­ти­те ги но­сат 24 ча­са, а ги ва­дат са­мо за ја­де­ње. Ми­о­функ­ци­о­нал­ни­те про­те­зи го тре­ни­ра­ат и пра­вил­но­то ди­ше­ње кај па­ци­ен­ти­те што ги но­сат.

На За­пад по­сто­јат Ака­де­мии за здрав сон. Здра­ви­от сон по­драз­би­ра пра­вил­но ди­ше­ње. Ра­стот и раз­во­јот на еден ор­га­ни­зам на ед­но де­те за­ви­си од ди­ше­ње­то. Ди­ше­ње­то тре­ба пра­вил­но да би­де низ нос. Ако де­те­то ди­ше на уста, во старт има не­до­стиг од кис­ло­род во кр­вта. Тоа зна­чи окси­ге­на­ци­ја­та на кр­вта во мо­зо­кот е со на­ма­лен ка­па­ци­тет, за­тоа што ди­ше­ње­то низ уста не е во ред. Овие де­ца нај­че­сто се сон­ли­ви, по­у­мор­ни во те­кот на де­нот, не­ма­ат енер­ги­ја, на учи­ли­ште им се прис­пи­ва, зна­ат да за­дре­мат на час. Во ва­кви си­ту­а­ции, во ком­би­на­ци­ја со ото­ри­но­ла­рин­го­лог, алер­го­лог и ор­то­дон­тот тре­ба да се ре­ши слу­ча­јот и да му се по­мог­не на де­те­то. Има мно­гу та­кви па­ци­ен­ти де­нес. Се слу­чу­ва де­ве­тго­диш­ни де­ца да има­ат ви­ли­ци на де­те од че­ти­ри го­ди­ни.

Да­ли е тренд но­се­ње­то про­те­зи?

МИТЕВА: Де­нес се по­диг­на ни­во­то на све­ста кај па­ци­ен­ти­те. Де­ве­де­сет от­сто од по­пу­ла­ци­ја­та што е на во­зраст ме­ѓу 50 и 60 го­ди­ни ги гу­би за­би­те по­ра­ди па­ра­дон­то­па­ти­ја. Тие не­ма­ле на­вре­ме ор­то­донт­ски трет­ман и ко­га па­ци­ен­тот е ор­то­донт­ски слу­чај, а не бил ле­ку­ван, па­ра­дон­то­па­ти­ја­та и гу­бе­ње­то на здра­ви­те за­би е не­ми­нов­но.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

(интервјуто е објавено во 247. број на неделник Република кој излезе во печат на 26. мај 2017 година)

Top