понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Само двајца кошаркари земаат поголема плата од Перо Антиќ

fenerbahce

И по неколку денови од завршувањето на завршниот турнир во Евролигата, новиот шампион Фенербахче сè уште е главна преокупација на турските медиум, а овој пат од таму ни доаѓа доста интересна информација.

Имено, тамошните медиуми успеаја да стигнат до податоци кои откриваат кој колку заработува во турскиот гигант, а меѓу објавените се најде и нашиот, Перо Антиќ. Поранешниот македонски капитен годишно заработува 1.300.000 евра што го прави еден од најскапоплатените кошаркари на тимот. Повеќе од него заработуваат само Јан Весели и Екпе Јудо (2.600.000 евра) и Датоме (1.700.000), додека идентични примања како Антиќ има Богдан Богдановиќ.

Во тимот над милион заработуваат уште и Боби Диксон (1.2) и Слукас кој инкасира точно еден милион годишно.

Top