петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

„Вики-клубот“ во Музејот на македонската борба ја развива љубовта кон музејската дејност

Членс­тво­то во „Ви­ки–клу­бот“ е бесп­лат­но и сло­бод­но за си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни, без раз­ли­ка на го­ди­ни­те. За­ин­те­ре­си­ра­ни­те ста­ну­ва­ат чле­но­ви на „Ви­ки-клу­бот“, ка­де што се од­ви­ва нив­на­та обу­ка за тоа ка­ко да се вклу­чат и ка­ко да пи­шу­ва­ат ста­тии на „Ви­ки­пе­ди­ја“

Да­ни­е­ла Ми­тев­ска и Ана Ви­ши­но­ва го­ди­на­ва ја до­би­ја на­гра­да­та Про­ект на го­ди­на­та за про­е­ктот „Ви­ки–клуб“ во Му­зе­јот на ма­ке­дон­ска­та бор­ба. На­гра­да­та ја до­де­лу­ва Ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен ко­ми­тет на Ме­ѓу­на­род­ни­от со­вет на му­зе­и­те за про­е­кти и актив­но­сти во до­ме­нот на истра­жу­ва­ње­то, пре­зен­та­ци­ја­та и по­пу­ла­ри­за­ци­ја­та на кул­тур­но­то и при­род­но­то нас­ледс­тво, а по по­вод 18 мај – Ме­ѓу­на­род­ни­от ден на му­зе­и­те. Во ре­а­ли­за­ци­ја­та на овој про­ект, кој се од­ви­ва во Му­зе­јот на ма­ке­дон­ска­та бор­ба, по­мог­на­ле и Сне­жа­на Штр­ков­ска, пре­тсе­да­тел­ка на Здру­же­ни­е­то за ум­но­жу­ва­ње сло­бод­ни со­др­жи­ни ГЛАМ од Скоп­је, и м-р Ма­тил­да Бај­ко­ва, ко­ја е обра­зов­на ко­ор­ди­на­тор­ка на овој про­ект.

Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за про­е­ктот? Ко­му му е на­ме­нет?

ВИШ­НО­ВА: Са­кам да им се заб­ла­го­да­рам на на­ши­те ко­ле­ги, му­зеј­ски ра­бот­ни­ци што ни ја да­доа до­вер­ба­та за оваа на­гра­да, но по­себ­но ми е дра­го што овој про­ект е еду­ка­ти­вен про­ект во НУ Му­зеј на ма­ке­дон­ска­та бор­ба Скоп­је. Иде­ја­та за овој про­ект поч­на со при­ја­тел­ско пи­е­ње ка­фе со Сне­жа­на Штр­ков­ска, пре­тсе­да­тел­ка на Здру­же­ни­е­то за ум­но­жу­ва­ње сло­бод­ни со­др­жи­ни ГЛАМ од Скоп­је. Иде­ја­та да се фор­ми­ра пр­ви­от „Ви­ки- клуб“ во Му­зе­јот на ма­ке­дон­ска­та бор­ба изг­ле­да­ше мно­гу ин­те­рес­на за­тоа што е еден по­и­на­ков ин­вен­ти­вен при­стап на му­зеј­ска­та еду­ка­ци­ја. Ка­ко што се­кој по­че­ток не е ле­сен, та­ка и ние се со­о­чив­ме со мо­мен­тот ка­ко да го на­пра­ви­ме овој клуб атра­кти­вен за де­ца­та. Во овој до­мен мно­гу ни по­мог­на на­ша­та при­ја­тел­ка и со­ра­бот­нич­ка м-р Ма­тил­да Бај­ко­ва, ко­ја е обра­зов­на ко­ор­ди­на­тор­ка на овој про­ект. Уште на по­че­то­кот со фор­ми­ра­ње­то на „Ви­ки-клу­бот“ раз­го­ва­рав­ме за мно­гу идеи што би мо­же­ле да ги ре­а­ли­зи­ра­ме. Со не­се­бич­на под­др­шка од на­ши­от ди­ре­кто­рот и, се раз­би­ра, од ко­ле­ги­те, поч­нав­ме че­кор по че­кор да го ре­а­ли­зи­ра­ме овој про­ект, пр­во да овоз­мо­жи­ме тех­нич­ки ус­ло­ви, а по­тоа ре­а­ли­за­ци­ја на еду­ка­тив­ни­от дел на про­е­ктот.

Овој „Ви­ки–клуб“ е прв во Ма­ке­до­ни­ја и на Бал­ка­нот. Кој сѐ мо­же да чле­ну­ва во не­го?

03 (Custom)

МИ­ТЕВ­СКА: Членс­тво­то во „Ви­ки–клу­бот“ е бесп­лат­но и сло­бод­но за си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни, без раз­ли­ка на го­ди­ни­те. За­ин­те­ре­си­ра­ни­те ста­ну­ва­ат чле­но­ви на „Ви­ки- клу­бот“, ка­де што се од­ви­ва и нив­на­та обу­ка за тоа ка­ко да се вклу­чат и ка­ко да пи­шу­ва­ат ста­тии на „Ви­ки­пе­ди­ја“. Про­е­ктот е со на­гра­ден ка­ра­ктер, a чле­но­ви­те на „Ви­ки- клу­бот“ се на­гра­ду­ва­ат во раз­лич­ни ка­те­го­рии: на­гра­да за нај­до­бра ста­ти­ја, на­гра­да за нај­го­лем број при­до­не­си, на­гра­да спо­ред број на на­пи­ша­ни ста­тии, на­гра­да за нај­до­бри­от во си­те спом­на­ти кри­те­ри­у­ми. На­гра­ди­те се од сим­бо­ли­чен ка­ра­ктер (бе­џо­ви, ма­и­ци, но­те­си, сер­ти­фи­кат и сл). Ко­га го фор­ми­рав­ме клу­бот, на­ша глав­на цел­на гру­па беа уче­ни­ци­те од ос­нов­ни­те и од сред­ни­те учи­ли­шта со цел са­ми­от му­зеј да ста­не по­до­ста­пен за нив и да ста­не ме­сто ка­де што тие ќе ја раз­ви­ва­ат сво­ја­та свест и та­лент, но, пред сѐ, ме­сто ка­де што ќе со­ра­бо­ту­ва­ат, ко­му­ни­ци­раа и спо­де­лу­ва­ат. Со те­кот на вре­ме­то еду­ка­тив­ни­от про­ект „Ви­ки–клуб“ пре­диз­ви­ка ин­те­рес не са­мо кај де­ца­та, ту­ку и кај во­зрас­ни­те, кај по­е­дин­ци, но и кај раз­лич­ни гра­ѓан­ски здру­же­ни­ја и ор­га­ни­за­ции. Го по­тен­ци­ра­ме ин­те­ре­сот на чле­но­ви­те на Здру­же­ни­е­то на пен­зи­о­не­ри-ин­те­ле­кту­ал­ци Ма­ке­до­ни­ја, со кое со­ра­бо­ту­ва на­ши­от му­зеј.

Да­ли ме­ѓу овие чле­но­ви гле­да­те свои нас­лед­ни­ци во му­зеј­ска­та ра­бо­та или, пак, не­кои ид­ни но­ви­на­ри?

02 (Custom)

ВИ­ШИ­НО­ВА: Не оче­ку­вав де­ка Му­зе­јот со „Ви­ки–клу­бот“, по­крај до­маш­ни­те и учи­лиш­ни­те об­вр­ски, ќе ста­не ме­сто ка­де што за­ин­те­ре­си­ра­ни­те де­ца, чле­но­ви на клу­бот, се­ко­ја сре­да од 15 до 18 ча­сот, сле­деј­ќи го сво­јот ин­те­рес, без ни­мал­ку за­др­шка се нур­ну­ва­ат во оке­а­нот на гло­бал­на­та ви­ки­пе­ди­ја и си ва­дат ка­мен­чи­ња што ги уре­ду­ва­ат, при­ре­ду­ва­ат и ги об­ја­ву­ва­ат на „Ви­ки­пе­ди­ја“ на ма­ке­дон­ски ја­зик. На тој на­чин тие ста­ну­ва­ат дел од се­мејс­тво­то ви­ки­пе­ди­јан­ци, а на­ша­та ви­ки­пе­ди­ја на ма­ке­дон­ски ја­зик од октом­ври 2016 го­ди­на е по­бо­га­та за мно­гу ста­тии. Му­зе­јот ши­ро­ко ги отво­ра вра­ти­те за овие де­ца што вред­но ра­бо­тат и со­ра­бо­ту­ва­ат ме­ѓу­себ­но. Де­ца­та са­ми соз­да­ва­ат ста­тии на раз­лич­ни те­ми, сопс­тве­ни ре­зул­та­ти, со што се по­до­бру­ва са­мо­до­вер­ба­та за нив­на­та вред­ност. Тие учат и стек­ну­ва­ат дра­го­це­ни ве­шти­ни и за пра­вил­на упо­тре­ба на ма­ке­дон­ски­от ја­зик, но­ви­нар­ско изра­зу­ва­ње и пи­шу­ва­ње од не­у­трал­на по­зи­ци­ја, ги збо­га­ту­ва­ат сво­и­те соз­на­ни­ја со ин­те­рес­ни ин­фор­ма­ции од исто­ри­ја­та.

Кои се при­до­би­вки­те од фор­ми­ра­ње­то на „Ви­ки–клу­бот“ во Ма­ке­до­ни­ја?

МИ­ТЕВ­СКА: Чле­но­ви­те во клу­бот учат за за­ед­ниш­тво и стек­ну­ва­ат ве­шти­ни за тим­ска ра­бо­та, ка­ко се ра­бо­ти во гру­па, ка­ко се со­ра­бо­ту­ва. Пре­ку „Ви­ки–клу­бот“ се стек­ну­ва­ат со зна­е­ња и спо­соб­но­сти за то­ле­ран­ци­ја, ка­ко да се по­чи­ту­ва ту­ѓо­то мис­ле­ње и да се прет­по­ста­ви де­ка дру­ги­те има­ат до­бри на­ме­ри. Ва­кви­от при­стап во вос­пит­но-обра­зов­ни­от про­цес овоз­мо­жу­ва вне­су­ва­ње лич­ни спо­соб­но­сти, раз­ни искус­тва, ста­во­ви, ве­шти­ни, зна­е­ња, ин­те­ре­си, сти­ло­ви на уче­ње и дру­ги спо­соб­но­сти на де­те­то. Ова е не­кој вид ма­те­ри­ја­лен ис­ход за де­ца­та да по­ка­жат и ка­жат: „Ви­де­те што на­пра­вив јас!“

Кол­ку чле­но­ви брои клу­бот?

ВИ­ШИ­НО­ВА: Во мо­мен­тов клу­бот брои вкуп­но 67 чле­на, а чле­ну­ва­ње­то е бесп­лат­но. Од го­ле­мо зна­че­ње е за­лож­ба­та на Бај­ко­ва, ко­ја овоз­мо­жу­ва „Ви­ки–клу­бот“ да би­де атра­кти­вен не са­мо ме­ѓу уче­ни­ци­те, ту­ку и ме­ѓу нив­ни­те на­став­ни­ци, но и на­та­му да бу­ди ин­те­рес за но­ви чле­но­ви.

Кол­ку но­ви ста­тии на ма­ке­дон­ски се соз­да­де­ни?

МИ­ТЕВ­СКА: Од 19 октом­ври 2016 го­ди­на, ко­га „Ви­ки–клу­бот“ поч­на да ра­бо­ти, до­се­га, мла­ди­те ви­ки­пе­ди­јан­ци на те­ми по свој из­бор и те­ми од ор­га­ни­зи­ра­ни те­мат­ски ра­бо­тил­ни­ци соз­да­доа по­ве­ќе од 150 но­ви ста­тии на „Ви­ки­пе­ди­ја“ на ма­ке­дон­ски ја­зик, а до­пол­ни­ја и про­ши­ри­ја по­ве­ќе од 260 по­стој­ни ста­тии.

Кои се те­ми­те за кои најм­но­гу се ин­те­ре­си­ра­ат да пи­шу­ва­ат чле­но­ви­те на „Ви­ки-клу­бот“?

ВИ­ШИ­НО­ВА: Те­ми­те се сло­бод­ни, но во со­ра­бо­тка со Му­зе­јот на ма­ке­дон­ска­та бор­ба се ор­га­ни­зи­ра­ат по­ве­ќе те­мат­ски ра­бо­тил­ни­ци на­ре­че­ни „еди­та­тон“ (edit a thon), од­нос­но уре­ду­вач­ки ма­ра­тон на кој глав­на те­ма е исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ски­от на­род. На овие ра­бо­тил­ни­ци, чле­но­ви­те на „Ви­ки–клу­бот“ соз­да­ва­ат но­ви ста­тии под мен­торс­тво на нас еду­ка­то­ри­те, исто­ри­ча­ри од Му­зе­јот на кои им овоз­мо­жу­ва­ме ко­ри­сте­ње тек­сто­ви од струч­на ли­те­ра­ту­ра за да­де­на­та те­ма, под над­зор на Штр­ков­ска и на Бај­ко­ва. На пр­ва­та ра­бо­тил­ни­ца те­ма бе­ше оп­шти­на Кар­пош. На 7 март во Пор­та Ма­ке­до­ни­ја ра­бот­но се од­бе­ле­жи Ме­ѓу­на­род­ни­от ден на же­на­та и беа ор­га­ни­зи­ра­ни три еду­ка­тив­ни ра­бо­тил­ни­ци со со­ра­бот­ни­ци од не­кол­ку скоп­ски учи­ли­шта. Ед­на од три­те ра­бо­тил­ни­ци бе­ше вто­ри­от уре­ду­вач­ки ма­ра­тон на чле­но­ви­те на „Ви­ки–клу­бот“ на Му­зе­јот на ма­ке­дон­ска­та бор­ба. Пре­ку про­е­ктот и ра­бо­тил­ни­ца „Же­на­та бо­рец за сло­бо­да и ма­ке­дон­ска др­жав­ност“ мла­ди­те ви­ки­пе­ди­јан­ци изра­бо­ти­ја 11 но­ви ста­тии и на­до­пол­ну­ваа по­стој­ни ста­тии за ма­ке­дон­ски­те же­ни-ре­во­лу­ци­о­нер­ки на „Ви­ки­пе­ди­ја“ на ма­ке­дон­ски ја­зик. На ра­бо­тил­ни­ца­та учес­тву­ваа уче­ни­ци­те од ООУ „Аврам Пи­сев­ски“ од с. Бар­дов­ци, ООУ „Јан Амос Ко­мен­ски“, ПОУ „Ид­ни­на“ и ООУ „Ве­ра Ци­ри­ви­ри-Тре­на“. Во мај во Му­зе­јот на ма­ке­дон­ска­та бор­ба се одр­жа уре­ду­вач­ки ма­ра­тон со чле­но­ви­те на „Ви­ки–клу­бот“ на те­ма „Бал­кан­ски­те вој­ни“. На ма­ра­то­нот, кој поч­на во 12 ча­сот и тра­е­ше ре­чи­си три ча­са, беа соз­да­де­ни пет но­ви ста­тии за те­ми по­вр­за­ни со Бал­кан­ски­те вој­ни.

Кои се ва­ши­те ид­ни пла­но­ви? Ка­ко ќе про­дол­жи да се раз­ви­ва „Ви­ки-клу­бот“ во Ма­ке­до­ни­ја?

МИ­ТЕВ­СКА: Про­е­ктот е кон­ти­ну­и­ран и ќе про­дол­жи да ра­бо­ти сè до­де­ка по­стои ин­те­рес за членс­тво во клу­бот. Во ид­ни­на се пла­ни­ра про­ши­ру­ва­ње на цел­ни­те гру­пи, вклу­чу­ва­ње сту­ден­ти, пен­зи­о­не­ри, де­ца со по­себ­ни по­тре­би, со­ци­јал­но­ран­ли­ви ка­те­го­рии, оста­ну­вај­ќи на ге­не­рал­на­та опре­дел­ба на Му­зе­јот за по­ли­ти­ка на отво­ре­ни вра­ти кон си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни.

Разговараше: Александра М. Бундалевска
Фото: Александра Ивановски
(Текст објавен во 247. број на неделникот „Република“, 26.05.2017)

Top