среда, 23 август 2017 | Вести денес: 71 ново

Македонската криза не е само македонска – Западот и Истокот се судријa на Балканот

Ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка кри­за, ко­ја сѐ уште има по­тен­ци­јал да пре­рас­не во без­бед­нос­на со ог­лед на ра­ди­кал­ни­те прид­ви­жу­ва­ња во ре­ги­о­нот, пред сѐ во ал­бан­ски­от кам­пус, е са­мо де­лум­но ини­ци­ра­на од до­маш­ни­те по­ли­тич­ки на­ви­ки и пре­пу­ку­ва­ња, таа во сво­ја­та су­шти­на е пос­ле­ди­ца на не­раз­јас­не­ти­те гло­бал­ни пра­ша­ња, од кои е глав­но тоа за енер­гет­ски­те ко­ри­до­ри што ќе ја снаб­ду­ва­ат Евро­па во пер­и­о­дот пред нас

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ед­но од су­штин­ски­те пра­ша­ња што си го по­ста­ву­ва се­кој нор­ма­лен Ма­ке­до­нец е зо­што се слу­чи Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја да не ста­не фор­ма­лен дел од за­пад­на­та еко­ном­ска и без­бед­нос­на гру­па­ци­ја и по­крај тоа што ги ис­пол­ни си­те ус­ло­ви за влез во Европ­ска­та уни­ја и во НА­ТО. Ре­чи­си е не­воз­мож­но САД и ЕУ да не мо­жат да ја убе­дат Гр­ци­ја од 2008 го­ди­на да доз­во­ли членс­тво во НА­ТО или по­доц­на по­че­ток на пре­го­во­ри­те за влез во ЕУ за др­жа­ва чи­и­што гра­ѓа­ни се свет­ски ре­кор­де­ри во жел­ба­та да ста­нат дел од Уни­ја­та и од али­јан­са­та.

Уште по­не­ло­гич­но е тоа што си­те зем­ји од ЕУ и од НА­ТО ед­ног­лас­но да ја иг­но­ри­ра­ат пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд во Хаг по туж­ба­та про­тив Гр­ци­ја за ве­то­то во Бу­ку­решт и пре­кр­ше­на­та при­вре­ме­на би­ла­те­рал­на спо­год­ба. Што е тоа што ги спре­чи НА­ТО и ЕУ, пред сѐ Гер­ма­ни­ја и САД, да ја прот­нат Ма­ке­до­ни­ја во али­јан­са­та, да ги поч­нат пре­го­во­ри­те за членс­тво во ЕУ и со тоа да ја ста­би­ли­зи­ра­ат не са­мо Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и це­ли­от за­па­ден Бал­кан.

Стра­те­шка­та ло­ги­ка ве­ли де­ка со вле­зот на Ма­ке­до­ни­ја во евро­ат­лан­ски­те ме­ха­низ­ми ќе се за­о­кру­же­ше кру­гот око­лу Ко­со­во со две член­ки на НА­ТО и ќе ги пре­ве­ни­ра­ше го­лем дел од не­га­тив­ни­те про­це­си што му се слу­чи­ја на ре­ги­о­нот, од­нос­но на зем­ји­те во не­го кои со­о­че­ни со ни­ка­ква ид­ни­на се вра­ти­ја на на­ци­о­на­лиз­мот и си­те до­пол­ни­тел­ни ме­то­ди на вла­де­е­ње.

Но, ре­ал­но­ста из­ле­зе со­се­ма по­и­на­ква. НА­ТО и ЕУ ка­ко на­мер­но да ја оста­ви­ја Ма­ке­до­ни­ја да гние од­на­тре, а во исто вре­ме на тој што кр­ше­ше при­вре­ме­ни спо­год­би, ла­же­ше за ни­во­то на сво­јот де­фи­цит и за се­кој дел од ста­ти­сти­ка­та што ја ис­пра­ќа­ше во Бри­сел, ко­ри­сте­ше европ­ски фон­до­ви за ра­бо­ти за кои ни­кој не чул де­ка се на­пра­ве­ни, до­би сто­ти­ци ми­ли­јар­ди евра за да из­ле­зе од фи­нан­си­ска­та кри­за, ко­ја мо­же­ше и сѐ уште мо­же да ги ур­не евро­зо­на­та и це­ла­та ЕУ.

Пред не­кол­ку го­ди­ни еден за­па­ден по­ли­ти­чар во не­вр­зан раз­го­вор во еден атин­ски хо­тел ми ре­че де­ка ние Ма­ке­дон­ци­те ја пот­це­ну­ва­ме Ма­ке­до­ни­ја, но де­ка таа е при­чи­на за страв, по­точ­но за стра­ву­ва­ње, кај го­лем дел од европ­ски­те и од аме­ри­кан­ски­те по­ли­ти­ча­ри што ре­ша­ва­ат за вле­зот во ЕУ и во НА­ТО. То­гаш овие збо­ро­ви ми беа ше­га, ма­ла­та Ма­ке­до­ни­ја при­чи­на за стра­ву­ва­ње на го­ле­ми­те си­ли кои со ед­на по­се­та на за­ме­ник-по­тсе­кре­тар мо­жат да из­бе­рат вла­да. Не­воз­мож­но. Но, се­га ка­ко те­за­та на мо­јот при­ја­тел по­ле­ка да до­би­ва на ло­ги­ка и да на­ве­ду­ва на шо­кант­ни, но, се­пак, ре­ал­ни пра­ша­ња. По­стои ли страв кај на­ши­те за­пад­ни парт­не­ри де­ка ако Ма­ке­до­ни­ја ста­не дел од ЕУ и од НА­ТО, ќе ста­не уште по­су­ве­ре­на и уште по­са­мо­стој­на и де­ка за­шти­те­на во друш­тво­то на нај­ци­ви­ли­зи­ра­ни­те де­мо­кра­тии ќе се оби­де да ра­бо­ти и за се­бе, а не са­мо за ре­ги­о­нал­ни­те и за европ­ски­те ин­те­ре­си. Да­ли ко­га ста­пот ќе ис­чез­не и ќе оста­не са­мо мор­ко­вот, Ма­ке­до­ни­ја мо­же да им свр­ти грб на сво­и­те парт­не­ри? Има ли ви­сти­на во тоа де­ка ста­бил­на Ма­ке­до­ни­ја, член­ка на ЕУ и на НА­ТО, ќе мо­же са­ма да ре­ша­ва за про­е­кти од на­ци­о­на­лен ин­те­рес кои во исто вре­ме, ба­рем на хар­ти­ја, се во рам­ки на европ­ски­те пра­ви­ла. Ка­ко на при­мер га­со­во­дот „Тур­ски тек“.

 

Ма­ке­до­ни­ја, се­пак, не е Тур­ци­ја

Дел од ана­ли­ти­ча­ри­те и дел од те­о­ри­и­те на за­го­вор во овој кон­текст ја спо­ре­ду­ва­ат Ма­ке­до­ни­ја со Тур­ци­ја, ко­ја се­га ка­ко пол­но­пра­вен член на НА­ТО и ка­ко важ­на зем­ја за опе­ра­ци­и­те на али­јан­са­та на Бли­ски­от Исток или на не­го­ви­те гра­ни­ци си игра мај­тап со нај­сил­на­та европ­ска еко­но­ми­ја, Гер­ма­ни­ја. Се раз­би­ра, Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш, без раз­ли­ка кој е на власт, не­ма да си доз­во­ли ни­ту ќе мо­же да игра мај­тап со сво­и­те нај­го­ле­ми еко­ном­ски и по­ли­тич­ки парт­не­ри, но, се­пак, по­стои мож­ност де­ка не­ко­ја вла­да би мо­же­ла да се оби­де да ја иско­ри­сти сво­ја­та ге­о­стра­те­ги­ска ло­ка­ци­ја и да вле­зе во се­ри­оз­ни пре­го­во­ри за енер­гет­ски­те те­ко­ви што во­дат пре­ку неј­зи­на те­ри­то­ри­ја.

kol247-gm-mkd-west-east

Гло­бал­ни­те игри се мно­гу по­го­ле­ми од Ма­ке­до­ни­ја

Во вр­ска во про­е­ктот „Тур­ски тек“ и ки­не­ска­та же­лез­ни­ца до­се­га е ка­жа­но ре­чи­си сѐ. Раз­ни те­о­рии на за­го­вор ги по­вр­зу­ва­ат овие про­е­кти со ку­ма­нов­ски­те на­ста­ни, со разд­ви­жу­ва­ње­то на ал­бан­ски­те ра­ди­ка­ли во Ко­со­во и во Јуж­на Ср­би­ја и со по­ли­тич­ка­та кри­за во Ма­ке­до­ни­ја.

Да­ли, по­крај вна­треш­ни­те ано­ма­лии во Ма­ке­до­ни­ја, при­чи­ни за пос­лед­на­та кри­за, ко­ја не­ма да за­вр­ши сѐ до­де­ка не се ре­шат гло­бал­ни­те пра­ша­ња по­вр­за­ни со ре­ги­о­нот, се и овие енер­гет­ски и тр­гов­ски про­е­кти ќе по­ка­же вре­ме­то. Мо­же­би, сѐ до­де­ка не­кој нов „Ви­ки­ликс“ или Сно­у­ден не ни открие де­ка Ма­ке­до­ни­ја би­ла свес­но жр­тву­ва­на за да се за­шти­тат ин­те­ре­си­те на по­го­ле­ми­те игра­чи.

А, до­де­ка дој­дат тие ин­фор­ма­ции, ако во­оп­што се точ­ни, за на­ши­те чи­та­те­ли тре­ба да ја об­јас­ни­ме гло­бал­на­та игра за енер­гет­ски­те ре­сур­си, од­нос­но ка­на­ли пре­ку кои во бли­ска ид­ни­на ќе се хра­ни Европ­ска­та уни­ја. Ка­ко што во ста­ро вре­ме глав­ни зем­ји би­ле тие пре­ку кои оде­ле тр­гов­ски­те па­ти­шта, та­ка се­га глав­ни се зем­ји­те што се на па­тот на енер­гет­ски­те ко­ри­до­ри. Глав­на­та би­тка во мо­мен­тов во овој кон­текст се во­ди ме­ѓу САД, Гер­ма­ни­ја и Фран­ци­ја (во оваа гру­па се и Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и Хо­лан­ди­ја ка­ко при­вр­зо­ци на Ва­шин­гтон, од­нос­но Бер­лин), и ме­ѓу Ру­си­ја и Тур­ци­ја, пре­ку ко­ја ми­ну­ва­ат или тре­ба да ми­ну­ва­ат го­лем дел од за­цр­та­ни­те про­е­кти за пре­нос на гас и на­фта од Ру­си­ја и Бли­ски­от Исток кон Евро­па.

Ако се се­ти­ме на од­лу­ка­та на бу­гар­ска­та вла­да, ко­ја за­ед­но со Гр­ци­ја и Ру­си­ја пот­пи­ша два го­ле­ми енер­гет­ски про­е­кти (нук­ле­ар­ка­та Бе­ле­не и на­фто­во­дот Бур­гас – Але­ксан­дро­по­лис), а по­тоа се отка­жа од нив, јас­но е де­ка не са­мо Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и да­ле­ку по­моќ­ни и пов­ли­ја­тел­ни зем­ји се жр­тви на гло­бал­ни­те би­тки за прев­ласт.

Кој ќе го кон­тро­ли­ра про­то­кот на гас и на­фта за де­се­ти­на го­ди­ни, мо­же­би, не­ма да би­де од су­штин­ска важ­ност до­кол­ку За­па­дот ус­пее да нај­де пер­пе­ту­ум-мо­би­ле или до­кол­ку ја ма­кси­ми­зи­ра ефи­кас­но­ста на об­нов­ли­ви­те из­во­ри на енер­ги­ја, ка­ко ве­те­рот, сон­це­то или мор­ски­те бра­но­ви. Но, го­ле­ми­те си­ли раз­мис­лу­ва­ат на го­ле­мо и, пред сѐ, сво­и­те пла­но­ви ги ба­зи­ра­ат на ре­ал­ни­те прет­по­ста­вки и ана­ли­зи. А, тие ве­лат де­ка со зго­ле­ме­ни­те по­тре­би за еле­ктрич­на енер­ги­ја и ели­ми­ни­ра­ње­то на нук­ле­ар­ки­те во Евро­па ду­ри и со зна­чи­тел­но зго­ле­му­ва­ње на ка­па­ци­те­ти­те на из­во­ри­те на об­нов­ли­ва енер­ги­ја за де­се­ти­на го­ди­ни и по­ве­ќе ру­ска­та на­фта и гас сѐ уште ќе би­дат глав­ни фа­кто­ри на енер­гет­ска­та ста­бил­ност во ЕУ.

За­тоа е раз­бир­ли­во зо­што на за­пад­ни­те зем­ји и на во­деч­ки­те зем­ји во ЕУ не им од­го­ва­ра не­кој друг да го има во ра­це вен­ти­лот за га­со­во­ди­те од кои тие ќе до­би­ва­ат енер­ги­ја. Слу­ча­јот со Укра­и­на, ко­ја се­га е еден од нај­го­ле­ми­те ди­стри­бу­те­ри на ру­ски гас, по­ка­жа де­ка За­па­дот мо­ра да има ди­рект­на кон­тро­ла на енер­ген­ти­те ду­ри и ко­га со тоа се соз­да­ва мо­но­пол­ска по­зи­ци­ја на ру­ски­от гас во ЕУ, што е спро­тив­но на пра­ви­ла­та на Европ­ска­та ко­ми­си­ја. Вто­ра­та тра­са од га­со­во­дот „Се­ве­рен тек“, кој е пот­пи­шан во екот на за­пад­ни­те санк­ции кон Ру­си­ја од стра­на на пет ком­па­нии од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Фран­ци­ја, Хо­лан­ди­ја и две гер­ман­ски, ни да­ва за пра­во да се сог­ла­си­ме со си­те што твр­дат де­ка Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш не­ма да до­бие шан­са да за­ра­бо­ту­ва од транс­фер на ру­ски гас пре­ку неј­зи­на те­ри­то­ри­ја. И тоа не за­тоа што ќе за­ра­бо­ти при­стој­ни па­ри од ди­стри­бу­ци­ја­та, ту­ку за­тоа што во та­ков слу­чај ќе би­де уште еден фа­ктор од кој ќе за­ви­си Евро­па при при­ста­пот до евти­ни енер­ген­ти. Во сце­на­ри­ја­та по­вр­за­ни со Ма­ке­до­ни­ја нај­че­сти се стра­во­ви­те од по­дел­ба на зем­ја­та на „ал­бан­ски“ и „сло­вен­ски“ дел, што мо­же да вли­јае врз транс­фе­рот на гас кон Евро­па, или де­ка раз­о­ча­ра­но­ста од ЕУ и од НА­ТО и сѐ по­а­гре­сив­ни­от при­стап на Ру­си­ја мо­же да до­ве­дат не­кон­тро­ли­ра­на вла­да ко­ја, слич­но ка­ко укра­ин­ска­та, ќе са­ка да ги зго­ле­му­ва це­ни­те за транс­порт на енер­ген­ти­те за да се по­ста­ви ка­ко не­за­ви­сен пре­го­ва­рач со Ру­си­ја и со тоа да ја ста­ви Евро­па во опас­ност. Сѐ по­о­чиг­лед­но е де­ка За­па­дот не са­ка во биз­ни­си­те со Ру­си­ја, на ко­ја, исто та­ка, ѝ се по­треб­ни па­ри­те од га­сот и на­фта­та, да има по­сред­ни­ци осо­бе­но за­тоа што е јас­но де­ка ду­ри и во пер­и­од на санк­ции има од­лич­на со­ра­бо­тка ме­ѓу европ­ски­те фир­ми и ру­ски­те др­жав­ни енер­гет­ски ги­ган­ти. Уште по­мал­ку е слу­чај­но тоа што но­ви­от аме­ри­кан­ски др­жа­вен се­кре­тар Тај­лер­сон е по­ра­не­шен шеф на огром­на на­фте­на ком­па­ни­ја и има од­лич­ни вр­ски во Кремљ.

Ко­га ќе се про­чи­та­ат си­те овие те­зи, те­о­рии и ре­ал­ни фа­кти, чо­век не мо­же да не по­мис­ли де­ка Ма­ке­до­ни­ја, кол­ку и да е важ­на за нас Ма­ке­дон­ци­те, се­пак, на гло­бал­на­та осо­бе­но на енер­гет­ска­та ма­па е џу­џе кое ни­ко­гаш не­ма да до­бие шан­са за ка­ков би­ло про­фит, осо­бе­но ако со та­ква­та по­зи­ци­ја е ма­кар и ми­ни­мал­на опас­ност за гло­бал­ни­те до­го­во­ри и пла­но­ви. Освен ако гла­бал­на­та игра и до­го­вор ме­ѓу глав­ни­те ме­ѓу­на­род­ни фа­кто­ри не нѐ на­ве­де да би­де­ме дел од важ­ни­те енер­гет­ски те­ко­ви, а при­тоа да не би­де­ме при­чи­на и пред­мет на де­ста­би­ли­за­ци­ја.

 

(Текст објавен во 247. број на неделникот Република, 26.05.2017)

Top