среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Забрането за деца – нов „хит“ на македонските свадби

deca na svadba1

Подарок во плик – оваа реченица на поканите за свадба веќе е нормална работа. Вака-така сите прифативме дека младоженците нѐ ограничуваат што да им однесеме на нивната свадбена прослава. Иако порано се практикуваше на поблиските да им кажеш што сакаш за подарок или да им посочиш дека би било добро доколку се во можност да ти дадат пари место да купуваат подарок, денеска речиси сите млади се решаваат на сите гости да им наложат да донесат пари во плик. Се бунтувавме на ваквата „наредба“, и се помиривме.

Подарок во плик – хит на македонските свадби што ги револтира гостите

deca svadba

Е сега тоа не е доволно, следува нова „наредба“ – не носете ги вашите деца. На социјалните мрежи деновиве се дебатира за новината на поканите за свадба на кои се потенцира дека вашите дечиња не се добредојдени на прославата.

-Добив покана за свадба. Пегла, мисксер, сервис за јадење пречкртано. Пликото е штиклирано, а децата пречкртани. На крај пишува „се молат гостите да не прават глупости“ – пишува девојка на „Фејсбук“ видно револтирана од поканата што ја добила.

Дел од корисниците на социјалните мрежи се револтирани од ваквиот однос на младоженците:

-Да ми дојде некој и да ми каже да не носам деца. Ни сакам да го видам, ни на свадба да му дојдам. Едно е јас да одлучам да ги оставам, друго е да се непожелни.

dete na svadba

Или друг коментар:

Како бе забранет пристап за деца? Зошто трчале, плачеле и го пипкале фустанот на невестата?! Јас лично би идела без дете да бидам раат, може зошто немам прилика, па ми е желба. Ама да ми забрани некој… Тоа е и повеќе од безобразно. Сите нешто модерни, се борат за права на животни, гејови. Прифаќање на различности. А ок ви е забранет влез за дете? Што е наредно, забрането трудна. Што и така само седи и јаде со соблечени кондури под маса. Чим нешто ова е мода, јас би забранила пијани сватови што смараат се што е у суќна и сваќи употени што те тегнат за на оро.

svadba

Но, мислењата се поделени. Девојка во дебата на една од женските групи на „Фејсбук“ објаснува дека таа е една од невестите што „забраниле“ деца на свадба:

-Тоа ми беше единствениот услов кога правев свадба пред 7 години. Никако мали деца. И сите гости ми ја испочитуваа желбата. Имам трауми од свадби каде имало мали дечиња, плачат, се тегнат, прават сцени, туркаат луѓе… Ќерка ми ја однесов само на свадбата кај сестра ми и девер ми, еден краток период, и после дома со баба и дедо. И толку. Ако немам кој да ми ги чува, а сум имала и такви ситуации, и дома сум седела, па не е крај на светот.

dete svadba

Тука следуваат приказни како на свадба на блиски детенце од 3-4 години му се пикнало меѓу нозе на еден маж додека играл оро и успеал да го сопне. Човекот паднал, маж од 100 килограми, се удрил, а можел и врз детето да падне.

-Да не ги изоставам и деталите со плачење на маса, тегнење чаршафи, фрлање прибор итн – коментираат оние кои се ставаат во одбрана на ваквите забрани.

 

Дали вас би ве изреволтирал знак „забрането за деца“ на поканата за свадба која вашата пријателка ви ја дала?!

Top