недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 8 ново

Како изгледаат денес актерите од „Кога лисјата паѓаат“ (фото)

„Кога лисјата паѓаат“ е една од првите турски серии кои се емитуваа кај нас

lisjata

Во оваа драмска телевизиска серија беше прикажана приказната за Али Риза, неговата сопруга Хајрие и нивните деца воспитувани во патријархален дух во мала средина, кои еден ден ќе се преселат во модерниот Истанбул. Поради модерниот начин на живот и економската нестабилност, ќе се соочат со многу проблеми.

Сигруно многу добро се сеќавате на ликовите, кои често пати будеа тага, но и насмевки на нашите лица. Оттогаш е поминато доста време, па и Халил Ерѓун, Ѓувен Хокна, Бену Јилдиримлар и другите денес изгледаат поинаку.

Халил Ергун (Али Риза) е еден од најпознатите актери во Турција. Од завршувањето на серијата до денес е поминато доста време, меѓутоа нема некоја голема промена кај него, очигледно животот му годи.

ali-riza

Ѓувен Хокна (Хајрие) симпатичмата сопруга на Али Риза која постојано не смееше и развеселуваше.

GUVEN-HOKNA

Бени Јилдирмлар (Фикрет) беше највозрасната, која се грижеше за семејните вредности и чија цел беше да ги изведе своите помали сестри на вистински пат.

bennu-

Хасан Кучукчетин (Шефкет) единствениот син во семејството Текин, кој помина низ многубројни незгоди и проблеми во животот поради својата злобна сопруга Ферхунде.

kucukcetin_hasan

Дениз Чакар (Ферхунде) ни е многу добро позната, бидејќо освен во „Лисјата паѓаат“, ја гледавме уште во неколку мега популарни серии. Сите се навикнавме на нејзините интриги и проблеми кои им ги донесе на семејството Текин.

deniz-cakir-

Фахрие Евџен (Неџла) денес е мажена со популарниот „Бали-бег“, а во серијата беше вљубена во Огуз.

fahriye-evce

Ѓокче Бахадир (Лејла) психички нестабилна личност која постојано се расправеше со сестра си Неџла.

resi

Толга Карел (Огуз) беше еден од најголемите проблеми за семејството Текин, тој беше причина за расправија помеѓу двете сестри бидејќи беа заљубени во него.

tolga

Ѓулер Октан (Џеверие) Нема некој што не се сеќава на свекрвата на Фикрет, Џеврие. Иако на моменти делуваше злобно, сепак постојано не смееше со шегите кои ги кажуваше.

guler-okten

 

Top