петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 76 ново

Ѕирнете во спалната на Омер (ФОТО)

omerНеодамна во турските медиуми како бомба одекна веста дека омилениот турски ерген, актерот Бариш Ардуч, или попознат како Омер, ќе заплови во брачните води и ќе му стави крај на ергенскиот живот.

gupse-ozay-b-012302UP
Неговата избраничка е актерката Гупсе Озај, со која е во врска од ноември 2014 година, а оттогаш живеат заедно во Истанбул. Иако по снимањето на серијата „Изнајмена љубов“ имаа проблеми во врската, сепак, двојката се реши за свадба која ќе се случи кон крајот на летото.

omer 2

Обожавателките на Бариш воопшто не ја сакаат Гупсе, бидејќи сметаат дека таа не му прилега, но нејзе тоа не ѝ пречи, па понекогаш знае да ги испровоцира со иронични фотографии.

4-3

Овој пат објави фотографија од спалната соба на која во креветот е со миленикот на својот сакан.

6-3

Бариш и Гупсе имаат две кучиња и три персиски мачки.

Top