понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 119 ново

Како звучи македонско-грчка соработка кога нема политика: Ремек-дело на Андријана Јаневска и Апостолос Стефанопулос (ВИДЕО)

Андријана Јаневска деновиве ја промовираше својата нова песна која го носи името “Children of the Cosmos”.

Музиката, виолината, пијаното и придружните вокали се на самата Андријана, додека текстот го потпишува Апостолос Стефанопулос.

Нумерата наиде на многу позитивни реакции од публиката на официјалниот фејсбук-профил на Андријана, каде што нумерата ја карактеризираа како музичка порака за милување на душата.

„Еве како звучи македонско-грчка соработка, кога нема политика туку само музика која не познава граници“, стои во постот на пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top