сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 89 ново

„Ајде да тепаме дебели деца“, „Удри луѓе со црвена коса“ – тајните Фејсбук правила

Интерните правила на Фејсбук им дозволуваат на корисниците на оваа социјална мрежа слободно да објавуваат најлоши навреди и говор на омраза, но и снимки со злоставување на деца или животни, па дури и видео снимки од абортуси, наведуваат тајните документи кои ексклузивно ги објавил угледниот британски дневник „Guardian“.

Фејсбук е под голем политички притисок во САД, и посебно во ЕУ поради неспособноста да го контролира објавувањето на спорната содржина. Критичарите сега ќе бидат дополнително загрижени бидејќи истражувањето на Guardian покажува дека правилата за објавување на Фејсбук се многу слободни.
Изгледа дека најпопуларната социјална мрежа свесно дозволува, оправдува и промовира контроверзна содржина за да привлече повеќе корисници и да генерира што повеќе интернет сообраќај, и на тој начин да добие повеќе пари од големите огласувачи.

Guardian ја објавил содржината на документите кои Фејсбук ги доставува до своите модератори. Во тие списи се наведуваат шокантни правила:

K3KIfMfheI-ajde-da-tepame-debeli-deca-tajnite-fejsbuk-pravila-pokazuvaat-kolku-e-brutalna-ovaa-socijalna-mreza

  • Коментари како „некој нека го застрела Трамп“ треба да се избришат, бидејќи Трамп како шеф на државата е во заштитената категорија. Но, дозволено е да се напише: „За да и го скршите вратот на кучката, со сета сила стиснете на средината на нејзиниот врат“, или „изгуби се и умри“, бидејќи ни првото ни второто не се смета за кредибилна закана?!
  • Видео снимки од насилна смрт, иако означени како вознемирувачки, не мора секогаш да бидат избришани, бидејќи така се фокусира јавното внимание на теми како што менталните болести?!
  • Некои фотографии од несексуално физичко и вербално злоставување на деца не мора да бидат избришани, освен ако во тие постови има елементи на славје или садизам.

dJi9O8A2rP-ajde-da-tepame-debeli-deca-tajnite-fejsbuk-pravila-pokazuvaat-kolku-e-brutalna-ovaa-socijalna-mreza

  • Фотографиите од злоставување на животни може слободно да се споделуваат.
  • Видео снимки од абортус се дозволени, освен ако на снимката има голотија?!
  • Фејсбук им дозволува на своите корисници во живо да го пренесуваат своето самоповредување затоа што „не сака да ги цензурира луѓето во неволја“?!

CeuU6gAUlY-ajde-da-tepame-debeli-deca-tajnite-fejsbuk-pravila-pokazuvaat-kolku-e-brutalna-ovaa-socijalna-mreza

  • Дозволени се и коментари со отворени закани како „девојчето треба да се воздржи за татко и да не и го скрши лицето“, „се надевам дека некој ќе те убие“ и „ако не престанеш да плачеш ќе ти го откорнам јазикот“, бидејќи социјалната мрежа таквите наводи ги смета за генерички или некредибилни?
  • Исто така, во состав на дозволени закани против одредени социјални групи, како дебели деца или луѓе со црвена коса: „Удри луѓе со црвена коса“ или „ајде да тепаме дебели деца“.
  • Во еден од тајните документи на Фејсбук се наведува дека „луѓето на интернет користат говор на насилство за да ги искажат своите фрустрации“ и „дека се чувствуваат безбедно“ тоа да го прават на Фејсбук.

Извор: Точка

Top