четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 10 ново

Трамп во посета на Израел и на палестинските територии

d tramp

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигнува во посета на Израел и на Западниот Брег, најавен со неговата желба да успее таму каде што сите негови претходници не успеаја ­ да постигнат мир меѓу Израелците и Палестинците, пренесоа француските медиуми.

Трамп, кој пристига од Ријад, веќе ги демантира очекувањата за ова прашање, откако на Палестиниците им даде повеќе надежи од предвиденото, и ја разочара израелската десница, која прво беше одушевена од неговиот избор.

Пројавувајќи оптимизам, американскиот претседател за овој конфликт изјави дека е еден од најстарите во светот, дека тоа е „најтешкиот договор за постигнување“, „крајниот договор“, како што своевремено вети.

Трамп, меѓутоа, претрпи критики од Израелците во врска со изјавата на Белата куќа за крајно чувствителната тема за статусот на Ерусалим.

Трамп утре ќе го посети градот Витлеем, на окупираниот Западен Брег, каде што ќе разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Потоа ќе го посети меморијалниот споменик на жртвите на холокаустот „Јад Вашем“во Ерусалим и ќе одржи говор во Музејот на Израел.

Top