среда, 23 мај 2018 | Вести денес: 119 ново

Гранде Џиџи со порака до Лам и Алонсо: Беше огромна чест да се игра против вас! (видео)

bufon

Џанлуиџи Буфон е фантастичен голман но и голем човек. Тој упати видео-порака за Филип Лам и Чаби Алонсо, фудбалерите на Баерн Минхен, кои денеска го одиграа последниот меч во кариерата и заминаа во фудбалска пензија. Тој вели дека му било голема чест да игра против овие фудбалери.

– Слушнав дека по освојување на сите трофеи во вашата кариера, решивте да кажете доста е. Сакам да ви кажам дека за мене беше голема чест да играм против вас, затоа што секогаш бевте комплетно посветени и фер. Среќно во иднина, во фудбалот или во некое друго поле од животот – соопшти Џанлуиџи Буфон во видео порака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top