петок, 18 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Првите фотографии од новата Филхармонија

Помалку од 24 часа не делат од свеченото отворање на Филхармонијата. Новиот објект на Македонската филхармонија со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики според сите светски стандарди ќе биде отворен в недела во 19 часот со ексклузивен концерт на Филхармонијата со која како солист ќе настапи нашиот светски етаблиран пијанист Симон Трпчески. Македонската филхармонија, која е најстара институција од областа на музичко­сценската дејност во Република Македонија, новиот објект го добива по 73 години од постоењето.

Screenshot (14)

Фотографот на Вест ги направи првите фотографии од генералната проба во новиот објект. Целата фотогалерија можете да ја погледнете на овој ЛИНК.

Top