петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Чедоморката бара куќен притвор: Морам да ослабам и да се грижам за постарата ќерка

23_1000x0-620x350_1-121183

Тања Махуд, обвинета за убиство на осуммесечнаа ќерка Ања, побара на судењето во Вишиот суд во Белград да биде пуштена во куќен притвор, но нејзиниот предлог е одбиен.

-Од здравствени причини треба да ослабнам 30 килограми, а во затворот немам услови соодветно да се лекувам. Треба га водам сметка и за својата постара ќерка, рече Тања Махуд.

На судот сведочеа и вештаци, психијатар и психолог, кои изјавија дека обвинетата е пасивноагресивна личност, склона кон автодеструкција, што се манифестира со самоповредување и користење на психоактивни супстанци.

Исто така рекоа дека нема потреба од мерка за обврзително лекување од наркоманија, зошто после подолг престој во притвор, обвинетата не е повеќе хероински зависник.

Судот наложи ново вештачење на кесата во која е најдено телото на бебето. Судсктие вештаци и претходно ја вештачеле кесата, но и бенкицата и пелената кои се најдени во неа.

Top