четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 72 ново

ФЗОМ: За детето П.Б. воопшто не е побарано лекување во странство

За детето П.Б. нема никаков предмет за лекување во странство, воопшто не е барано лекување, велат во денешното сооштение од Фондот за здравствено осигурување.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост

„Почитувани, во врска со се почестите апели за донации и помош на социјалните мрежи и медиуми за детето П.Б. од Скопје, кое настрадало од струен удар, ФЗОМ сака да извести за следново : За детето П.Б. нема никаков предмет за лекување во странство, воопшто не е барано лекување. Воедно детето не е здравствен осигуреник на ФЗОМ. Во контакт со еден од родителите кажано ни е дека детето е со околу 50% изгореници на телото, дека е здравствен осигуреник на Обединетото Кралство (NHS), а родителите по сопствено барање и во своја организација го имаат однесено на лекување во Обединетото Кралство со авионски медицински превоз.

Во истиот период(ист ден) постои друг случај кој настанал неколку часа по овој, по дојава од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, друго дете на иста возраст со изгореници од 2/3 степен над 70% од телото поради струен удар, е испратено на лекување во странство во Белгија, Гент во референтен центар за изгореници и реконструктивна хирургија. Благодарение на нашата клиника, ургентно е направено место за нашиот осигуреник иако листата за чекање е повеќе од 3 години за прием во Гент. Фондот за неколку часа обезбеди Медицински авиотранспорт за детето J.A. од Скопје, а воедно и го изврши плаќањето за лекување во времетраење од 90 дена. Во последниот разговор со родителите пренесено ни е дека Ј.А. е разбуден од вештачката кома и е контактибилен“ се вели во соопштението на ФЗОМ.

Top