сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Палевски: Платформата е злонамерна и не може да биде услов за Влада

-Платформата како политички документ е злонамерна- истакна Љупчо Палевски во „Аргументи“ на ТВ Нова. Тој додаде дека доколку се работи за кохерентност на партиите од албанскиот блок, таа платформа требало да биде испеглана и решена пред изборите и во ниту еден случај таа декларација којашто ја потпишале албанските партии не може да биде услов за правење на нова Влада.

cdzsadzs-800x336

Агим Јонуз, кој дебатира со Палевски на тема „Влада vs. Влада“ посочи дека „Тиранската платформа си ја одигра својата улога“.

-Луѓето се поделиле на нивоа, начини и мерки колку што беше потребно- истакна Јонуз и додаде дека ПР стратегиите многу добро неколку месеци ја одржувале Македонија- изјави Јонуз.

 

Top