среда, 26 јули 2017 | Вести денес: 40 ново

Зошто овој остров кој можат да го посетат само мажи?

Овој мал остров во Јапонското Море наскоро ќе се најде на листата на УНЕСКО на светското културно наследство, но ќе можат да го посетуваат само мажи.

Островот Окиношима се наоѓа во Јапонското Море и наскоро ќе се најде на листата на УНЕСКО на светското културно наследство, со своето археолошко и религиозно наследство.

Меѓутоа, за жал на сите жени кои би посакале да го посетат, тоа нема да можат да го сторат, бидејќи како што пренесува „Д Џапан Тајмс“, овој мал остров на северозападниот брег на Кјушу во префектурата Фукуока можат да го посетат само мажи.

Меѓу 4 и 9 век, во времето на жива источно-азиска трговија, островот бил место каде луѓето се молеле за безбедно пловење при морските патувања. Низ вековите, луѓето оставиле околу 80.000 заветни предмети како бројаници, оружје, огледала и мачеви. Овие артефакти се значајни во толкувањето на религиозните ритуали во Јапонија и заштитени се од страна на владата како природно богатство.

Окиношима се смета и за свет остров, а неговите строги обичаи и понатаму владеат. На овој остров владее шинто традиција која забранува присуство на жени. „Постојат различни објаснувања за забраната, но некои велат дека менструацијата ја сквернавело населбата” – вели Рио Хашимото.

Меѓутоа и на мажите не им е лесно да дојдат на островот. Пред да стапнат на неговото тло, мора да се соблечат голи и да поминат низ ритуал за прочистување. Како резултат на сето тоа, Окиношима е многу ретко посетен остров.

И додека некои локалци се плашат од туризам, некои локалци можеби ќе имаат корист од оваа одлука Окиношима да се најде на листата на УНЕСКО .

На островот има многу стаорци кои ја намалуваат популацијата на птиците предизвикувајќи ланчан ефект кој го намалува нивниот биодиверзитет. Слабиот екосистем на Окиношима Јапонија веќе го има признато, па целиот остров е означен како национално заштитено подрачје на дивиот живот.

За сега не постојат планови на жените да им се одобри пристап на островот, а иако една хинду група барала УНЕСКО да го повлече статусот на наследството ако не се дозволи на жените да влезат, тоа е одбиено.

УНЕСКО може да одлучи кое место ќе добие статус на заштитено наследство, но не поставува локални закони и обичаи.

Top