сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Купила куќа од соништата, само по неколку часа животот ѝ станал пекол (ВИДЕО)

Само 45 минути откако ги добила клучевите и почнала да ги внесува работите внатре, слушнала како нешто се движи на подот. Погледнала надолу и останала шокирана.

Купувањето на куќата од соништата е едно од најдобрите чувства во животот. Но, за Енџи Вајтли првиот ден во новата куќа не бил онаков каков што очекувала. Додека се движела низ куќата слушнала необични звуци во спалната соба.

Кога открила од каде доаѓаат тие звуци, се шокирала и ја повикала службата за дератизација.

Самохраната мајка Енџи секогаш сонувала за поседување на сопствена куќа. Откако конечно заштедила доволно пари, купила прекрасна куќа. Таа била воодушевена од својата нова куќа и кога документите биле готови, веднаш започнала со вселување.

endzi-1495195946-117735

Но, нејзината радостне траела долго. Само 45 минути откако ги добила клучевите и почнала да ги внесува работите внатре, слушнала како нешто се движи на подот. Погледнала надолу и останала шокирана.

На подот имало жива змија. Енџи не можела да сфати како змијата влегла во нејзиниот дом, но потоа работите станале уште полоши:

„Едната змија набрзо се претвори во три, четири, пет. Денес, шест месеци подоцна, пронајдов околу 95 змии во мојата куќа“, раскажала Енџи.

endz-1495195823-117733

Оваа самохрана мајка била приморана да ја повика службата за дератизација. Кога пристигнал тимот, откриле дека куќата се наоѓа точно над големо змиско легло.

Поранешните сопственици рекле дека не знаеле ништо за змиите, но таа не им верува. Таа вели дека потрошила околу 13.000 долари за да го реши проблемот. Меѓу другото, го урнала реновираниот подрум и ги наполнила празнините, низ кои можеле да поминуваат змиите.

Сега планира да покрене кривична постапка против претходните сопственици.

„Мразам што таа мора да поминува низ ова“, рекол експертот Марк Андерсон од службата за дератизација.

Top