среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Мурињо ја почна неговата „војна“: Ајакс не треба да игра во финалето!

zoze murinjo

Жозе Мурињо со своите мисли веќе е на финалниот натпревар во Лига Европа и покрај тоа што неговиот тим е пред последниот испит во англиската Премиер лига, а ако веќе ја стартуваше својата игра на мисли со тоа што му порача на Сем Алардајс да има милост кон неговиот Јунајтед овој викенд (противник на „ѓаволите“ е Кристал Палас), сега отиде малку подалеку со својата изјава во пресрет на завршниот натпревар во најмасовното натпреварување во Европа.

Добро познато е дека противник на Јунајтед во големото финале во Стокхолм ќе биде холандскиот фудбалски гигант Ајакс, а со оглед на тоа што преостануваат само пет дена од закажниот спектакл, Мурињо почна да ја води својата „војна“ од столчето на прес-конференцијата.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед посочи дека Ајакс не треба да игра во големото финале во Лига Европа, од едноставна причина што станува збор за тим кој сезоната ја започна натпреварувајќи се во Лигата на шампионите.

– Ајакс е тим кој играше во Лигата на шампионите, тоа е тим кој дојде од Лигата на шампионите. Секогаш комплетно сум бил против ова правило на УЕФА, тимовите од Лигата на шампионите да продолжуваат во Лига Европа. Ајакс требаше да биде дома, а не во финалето на Лига Европа. Лига Европа е натпреварување во кое финалето треба да го играат тимови кои од почетокот играат за тоа – потенцирал Мурињо.

Top