понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Пробал да го убие зетот, убеден бил дека поради него сестра му е на интензивна

Вчера од Клиничката болница во Тетово во тамошната полиција пријавиле дека донесен е А.А. (42) од с.Зајас, кичевско, со повреди нанесени од остар предмет во пределот на левото рамо и во левата надколеница.

Од извршениот разговор со А.А. било утврдено дека повредите со нож му ги нанел М.Д. (30) од с.Горно Строгомиште, кичевско.

Сторителот М.Д. сам се пријавил во полициската станица во Тетово и го признал делото. Како причина за делото ја навел здраствената состојба на неговата сестра Р.А., сопруга на А.А., која била на лекување на интензивна нега. Во моменти на психичка растроеност, сметајки дека А.А. е виновник за нејзината состојба, со ножот му задал два удари, по што избегал од местото на настанот.

СВР Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот, кој од страна на Јавен обвинител е квалификуван како убиство во обид.

Top