петок, 18 август 2017 | Вести денес: 74 ново

Се плашев дека ќе умрам – Лепа Брена првпат проговори за тешката болест

brena

Фолк дивата Лепа Брена досега немаше храброст да прозбори за стресот кој го преживеа пред неколку години кога и било кажано дека може да се разболи од канцер.

Пејачката првпат прозборе колку и бил стресен тој период и како го преживеала тоа.

-За ова првпат зборувам. Во 2010 година имав операција на јајниците. Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да го направам тој злогласен БРЦА тест, на кој се покажа дека имам мутиран ген и големи шанси да добијам рак на дојка. Тумор маркерот тогаш беше многу зголемен и итно отидов на операција на циста на јајници. Секако, молчев за тоа досега, но тоа беше голем стрес за мене – изјави Брена.

Иако веднаш започнала да живее по новите правила, стресот бил голем, па досега пејачката немаше храброст да зборува.

 

Top