четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 97 ново

Новата концертна сала на Филхармонија мора да се види и мора да се слушне!

Кон­цер­тот е уни­ка­тен и по тоа што ќе се одр­жи са­мо ед­наш и тој единс­твен мо­мент на воз­бу­да, енер­ги­ја, флу­ид, ма­ги­ја што ќе ја по­чув­ству­ва­ме на 21 мај ќе оста­не за­па­ме­те­на и ни­ко­гаш не­ма да се по­вто­ри. Ќе има­ме уште мно­гу кон­цер­ти во таа са­ла и по­са­ку­вам си­те тие да би­дат ус­пеш­ни ка­ко и овој, но ни­ту еден од нив не­ма да би­де „пр­ви­от кон­церт“ на кој за прв­пат ќе ги слуш­не­ме пр­ви­те зву­ци на на­ши­от ор­ке­стар, ве­ли Ча­на­че­виќ

По 73 го­ди­ни, Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, ко­неч­но, ќе го до­бие сво­јот дом, а на 21 мај све­че­но ќе би­де пу­ште­на во упо­тре­ба кон­церт­на­та са­ла со екск­лу­зи­вен на­стап на Си­мон Трп­чев­ски и на еден од нај­до­бри­те ди­ри­ген­ти во све­тот, Ру­си­нот Вла­ди­мир Ашке­на­зи. По тој по­вод по­раз­го­ва­рав­ме со ди­ре­ктор­ка­та на Ма­ке­дон­ска фил­хар­мо­ни­ја, Ма­ја Ча­на­че­виќ.

 

Гос­по­ѓо Ча­на­че­виќ, Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, ко­неч­но, ќе до­бие свој нов дом, но­ва кон­церт­на са­ла. Мо­же­те ли на­ку­со, за по­че­ток, да ни ја опи­ше­те вна­треш­но­ста од но­ви­от му­зич­ки храм, иа­ко ве­ру­вам де­ка на­ско­ро си­те ќе го ви­дат, но мал­ку да ни откри­е­те дел од ми­сте­ри­ја­та?

Ча­на­че­виќ: Не­кол­ку де­на нѐ де­лат од де­нот ко­га Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја ќе го одр­жи пр­ви­от кон­церт во но­во­из­гра­де­на­та кон­церт­на са­ла, кон­церт што има исто­ри­ско зна­че­ње и ци­ви­ли­за­ци­ска при­до­би­вка за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. По дол­ги­те го­ди­ни че­ка­ње, ра­бо­та во не­со­од­вет­ни ус­ло­ви во До­мот на ар­ми­ја­та, смрз­ну­ва­ње во зи­ма и за­ду­шу­ва­ње од топ­ло во ле­то, ко­неч­но, овие умет­ни­ци, мо­же­би ед­ни од нај­на­па­те­ни­те, ќе го поч­нат сво­јот „втор“ нов жи­вот во про­стор што е со­од­ве­тен и до­сто­ен за из­вед­ба на му­зич­ки­те де­ла. Во кон­церт­на­та са­ла ќе ги има­ме си­те ус­ло­ви што ги има­ат и нај­до­бри­те ор­ке­стри во све­тот. Об­је­ктот е пре­кра­сен, из­гра­ден е во ду­хот на вре­ме­то што го жи­ве­е­ме, со мо­де­рен, но ми­ни­ма­ли­стич­ки израз, опре­мен со од­лич­на опре­ма за сни­ма­ње и за ра­бо­та на умет­ни­ци­те, но и со уба­ва аку­сти­ка, ко­ја ќе ѝ овоз­мо­жи на пуб­ли­ка­та за прв­пат да ги слу­ша кон­цер­ти­те на овој ор­ке­стар во про­стор што е спе­ци­ја­ли­зи­ран за таа на­ме­на. Кон­церт­на­та са­ла ви­зу­ел­но изг­ле­да мно­гу топ­ло, со ис­пре­кр­ше­ни ѕи­до­ви, кои, освен аку­стич­ки­те ка­ра­кте­ри­сти­ки, да­ва­ат и еден со­се­ма по­и­на­ков ви­зу­е­лен ефект. Глав­ни­от влез и фо­а­је­то на овој об­јект, пак, се на­пра­ве­ни во бе­ла бо­ја и со црн мер­мер, а уба­ви­те за­об­ле­ни та­ва­ни и га­ле­ри­ја­та ве пре­не­су­ва­ат во еден по­и­на­ков свет. Но, кол­ку и да се оби­ду­вам да ја опи­шам уба­ви­на­та со ко­ја, на­ви­сти­на, пле­ни оваа кон­церт­на са­ла, не­ма да ус­пе­ам, тоа ед­но­став­но МОРА ДА СЕ ВИДИ и мо­ра да се СЛУШНЕ!

 

Из­град­ба­та на но­ва­та кон­церт­на са­ла на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја тра­е­ше дол­го, но си­гур­но че­ка­ње­то се исп­ла­ту­ва. Но, во ова те­шко вре­ме, не­кои ќе ка­жат де­ка за­луд­но се тро­шат па­ри на кул­ту­ра­та. Ка­кво е Ва­ше­то мис­ле­ње?

Ча­на­че­виќ: На­ви­сти­на дол­го тра­е­ше оваа град­ба на об­је­ктот, но за ме­не, искре­но, мно­гу по­важ­но бе­ше што таа се за­вр­ши и, што е на­пра­ве­на, на­ви­сти­на, ква­ли­тет­но. Се­ко­гаш мо­же да се нај­дат мно­гу за­бе­ле­шки за сѐ, но мо­ра да се наг­ла­си де­ка е об­јект што поч­на со гра­де­ње во 2009 го­ди­на и от­то­гаш до де­нес мно­гу по­зи­ции се про­ме­ни­ја на по­до­бро, сѐ со цел да се до­бие ква­ли­те­тен об­јект, кој ќе ги за­до­во­лу­ва свет­ски­те стан­дар­ди за тоа што е кон­церт­на са­ла. И, се раз­би­ра, се­ко­гаш по­сто­е­ле и ќе по­сто­јат де­ба­ти да­ли на ед­на др­жа­ва што не е нај­бо­га­та ѝ е по­тре­бен ва­ков об­јект, да­ли тре­ба да се тро­шат па­ри на умет­ност и на кул­ту­ра. Јас се­ко­гаш ќе ка­жам да, по­тре­бен е не са­мо еден ва­ков об­јект ту­ку, мо­же­би, и уште еден и по­ве­ќе. Ако ние ка­ко др­жа­ва не ги под­др­жи­ме умет­ни­ци­те, умет­но­ста, кул­ту­ра­та, то­гаш не мо­же­ме да оче­ку­ва­ме ни­ка­ков про­грес ни­ту, пак, рас­теж во иста­та таа др­жа­ва. Чи­тав во ед­на ста­ти­ја де­ка вло­жу­ва­ње­то во кул­ту­ра­та, всуш­ност, е мно­гу исп­лат­ли­ва ин­ве­сти­ци­ја би­деј­ќи таа ко­га-то­гаш ќе ви се вра­ти, а нај­важ­но­то од сѐ се гра­ѓа­ни­те и за­до­во­лу­ва­ње­то на нив­на­та на­суш­на ду­хов­на над­град­ба.

kult246-nova-zgrada-filharmonija

Но­ва­та кон­церт­на са­ла најм­но­гу ќе им зна­чи на му­зи­ча­ри­те, ко­неч­но, ќе до­би­јат со­од­ве­тен про­стор за ра­бо­та и за одр­жу­ва­ње на кон­цер­ти­те. Ка­кви се нив­ни­те ре­ак­ции, но и од тоа де­ка прв­пат на сце­на­та во но­ви­от дом ќе за­ста­нат слав­ни­те – ма­е­стро Вла­ди­мир Ашке­на­зи и на­ши­от пи­ја­нист Си­мон Трп­че­ски?

Ча­на­че­виќ: Си­те вра­бо­те­ни во Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја се мно­гу воз­бу­де­ни, на мо­мен­ти ду­ри и са­ми­те не мо­же­ме да по­ве­ру­ва­ме де­ка, на­ви­сти­на, ми­на­та­та не­де­ла го от­сви­рев­ме пос­лед­ни­от кон­церт во до­мот на ар­ми­ја­та. Не мо­же­ме да ве­ру­ва­ме де­ка ве­ќе след­на­та не­де­ла ќе има­ме кон­церт во но­ва­та кон­церт­на са­ла. Да се на­ста­пу­ва во со­од­ве­тен аку­сти­чен про­стор (кон­церт­на са­ла) е огром­на ра­дост за се­кој умет­ник, осо­бе­но за нас, од фил­хар­мо­ни­ја, би­деј­ќи до­се­га не сме ја има­ле таа при­ви­ле­ги­ја. И ка­ко што ве­ќе нај­а­вив­ме на све­че­ни­от кон­церт, за­ед­но со ор­ке­ста­рот на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја ќе на­ста­пат две ме­гаѕ­вез­ди од кла­сич­на­та умет­ност. Ма­е­стро Ашке­на­зи, за ко­го мо­же мно­гу да се збо­ру­ва, но ќе ка­жам де­ка е тој жи­ва ле­ген­да, име што не знам ко­га по­втор­но ќе мо­же­ме да го ви­ди­ме во Скоп­је. За Си­мон, пак, што да се ка­же, ги осво­ју­ва си­те свет­ски кон­церт­ни сце­ни, ка­ко Си­мон од Ма­ке­до­ни­ја, и еве за нај­го­ле­ми­от на­стан во исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка кул­ту­ра ќе на­ста­пи за­ед­но со на­ши­от ор­ке­стар. Кон­цер­тот е уни­ка­тен и по тоа што ќе се одр­жи са­мо ед­наш и тој единс­твен мо­мент на воз­бу­да, енер­ги­ја, флу­ид, ма­ги­ја што ќе ја по­чув­ству­ва­ме на 21 мај, ќе оста­не за­па­ме­те­на и ни­ко­гаш не­ма да се по­вто­ри. Ќе има­ме уште мно­гу кон­цер­ти во таа са­ла и по­са­ку­вам си­те тие да би­дат ус­пеш­ни ка­ко и овој, но, ни­ту еден од нив не­ма да би­де „пр­ви­от кон­церт“ на кој за прв­пат ќе ги слуш­не­ме пр­ви­те зву­ци на на­ши­от ор­ке­стар.

 

Има­ше мно­гу ди­ску­сии, осо­бе­но на со­ци­јал­ни­те мре­жи, за це­на­та на би­ле­ти­те, за не­кои е пре­ви­со­ка, не­кои, пак, сме­та­ат де­ка и та­ква тре­ба да би­де за на­стан од ва­ков вид.

Ча­на­че­виќ: Да, има­ше ди­ску­сии за це­ни­те на би­ле­ти­те, но тоа е по­ве­ќе од не­ин­фор­ми­ра­ност откол­ку од тоа де­ка лу­ѓе­то, на­ви­сти­на, се сом­не­ва­ат во вред­но­ста на на­ста­нот. Ни­ка­кви ди­ску­сии не мо­жат да ја на­ма­лат вред­но­ста на врв­ни­те умет­ни­ци и на уни­кат­но­ста и на зна­че­ње­то на овој на­стан. Ед­но­став­но, чар­ши­ски­те му­а­бе­ти не мо­жат да фр­лат цр­на дам­ка на исто­ри­ски­от на­стан што нѐ оче­ку­ва. Во из­ми­на­ти­ве ме­се­ци има­ше мно­гу на­ста­ни што ни од да­ле­ку не мо­жат да се спо­ред со овој на­стан, но се­пак се про­да­доа и по не­кол­ку кон­цер­ти, а, очиг­лед­но, тоа е по­ка­за­тел де­ка има пуб­ли­ка што мо­же да ку­пи би­ле­ти. Ва­кви­те му­а­бе­ти, всуш­ност, ука­жу­ва­ат на тоа де­ка лу­ѓе­то не ја вред­ну­ва­ат кла­сич­на­та му­зи­ка, ко­ја е свет­лос­ни го­ди­ни над се­то ова по ква­ли­тет, а, исто та­ка, и умет­ни­ци­те што се за­ни­ма­ва­ат со кла­сич­на му­зи­ка, нив­на­та ин­ве­сти­ци­ја во му­зич­ко­то обра­зо­ва­ние, ка­ко и за­ни­ма­ва­ње­то со му­зи­ка ка­ко про­фе­си­ја. Уба­во е да се на­пра­ви спо­ред­ба со слич­ни на­ста­ни во све­тот за да се ви­ди ка­де сме ние, а ка­де се дру­ги­те ва­кви ин­сти­ту­ции во на­пред­ни­те свет­ски сре­ди­ни (та­му ка­де што и ние пре­тен­ди­ра­ме да би­де­ме). На при­мер, до­ко­лу не­кој са­ка­ше да оди на га­ла-кон­цер­тот во МЕТ, ќе тре­ба да си обез­бе­ди би­лет од 950 до­ла­ри, па на­го­ре. Ди­ску­та­бил­но е да­ли е ова ни­ска це­на на би­лет за кој би­ло Аме­ри­ка­нец од сред­на­та кла­са. Неј­се… Да се оди на кон­церт во „Кар­не­ги хол“, пак, на кој на­ста­пу­ва­ат умет­ни­ци ка­ко Ашке­на­зи и Трп­че­ски, и тоа во ре­дов­на­та се­зо­на (зна­чи не на спе­ци­ја­лен кон­церт) не­ма да мо­же­те да ку­пи­те би­лет за по­мал­ку од 60/70 до­ла­ри. Во Евро­па е слич­на со­стој­ба­та за кон­цер­ти­те во ре­дов­на­та се­зо­на. А до­кол­ку ста­ну­ва збор за кон­церт што е ка­ко на­ши­от, од­нос­но по­се­бен, то­гаш це­ни­те на би­ле­ти­те се ми­ни­мум се­дум до осум­па­ти по­ска­пи од овие кај нас. И не­ма по­тре­ба за до­пол­ни­тел­ни спо­ред­би би­деј­ќи ре­дов­ни­те кон­цер­ти во Ма­ке­дон­ска фил­хар­мо­ни­ја се по це­ни од 150, 250, 300, 400, 500, 600 де­на­ри, за свет­ски, врв­ни умет­ни­ци, за кои ка­де би­ло во Евро­па нај­ни­ска­та це­на на би­ле­тот ќе би­де 30/35 евра. Ако не­кој тол­ку мно­гу са­ка да не слу­ша, мо­же(ше) да дој­де на на­ши­те ре­дов­ни кон­цер­ти и да ужи­ва во на­ше­то му­зи­ци­ра­ње. Но, оваа са­ла се­га се отво­ра и за си­те гра­ѓа­ни се отво­ре­ни вра­ти­те да дој­дат и да ужи­ва­ат во кон­церт­на­та са­ла ве­ќе на 1 ју­ни, а по­на­та­му и во но­ва­та кон­церт­на се­зо­на, ко­ја ќе поч­не во сеп­тем­ври. За овој све­чен кон­церт би­ле­ти­те се ве­ќе рас­про­да­де­ни.

 

Се раз­би­ра, ако не­кој, на­ви­сти­на, од ка­ква би­ло при­чи­на не мо­же да дој­де на све­че­но­то отво­ра­ње, ќе мо­же да ги по­се­ти и след­ни­те кон­цер­ти, кои ќе се одр­жу­ва­ат отсе­га во но­ва­та са­ла. Што нај­а­ву­ва­те след­но?

Ча­на­че­виќ: Ка­ко што ве­ќе спо­ме­нав, на 1 ју­ни е след­ни­от кон­церт со нас­лов „Ви­де­о­и­гра“ мно­гу ин­те­ре­сен кон­церт на кој ќе би­де из­ве­де­на му­зи­ка од поз­на­ти­те и по­пу­лар­ни ви­де­о­и­гри. За крај на на­ша­та се­зо­на, тра­ди­ци­о­нал­но, а оваа го­ди­на и ју­би­леј­но во Град­ски­от парк, де­сет­та го­ди­на по ред од „Ви­ди му­зи­ка, слуш­ни сли­ка, до­биј кни­га“. По­тоа но­ва­та се­зо­на ќе ја поч­не­ме во сеп­тем­ври, а ве­ќе кон сре­ди­на­та на ле­то­то ќе ја нај­а­ви­ме но­ва­та кон­церт­на се­зо­на, ко­ја ќе би­де пр­ва­та офи­ци­јал­на кон­церт­на се­зо­на во но­ва­та са­ла. На­ви­сти­на сум гор­да што ус­пе­ав­ме да го ос­тва­ри­ме на­ши­от сон со оваа кон­церт­на са­ла, но и со си­те тие умет­ни­ци за кои не­ко­гаш сме со­ну­ва­ле да ги слу­ша­ме, да ги има­ме ка­ко дел од кон­церт­ни­те се­зо­ни на на­ши­от ор­ке­стар. Бе­скрај­но сме ѝ бла­го­дар­ни на пуб­ли­ка­та, ко­ја во из­ми­на­ти­ве го­ди­ни нѐ под­др­жу­ва­ше на на­ши­те кон­цер­ти и ве­ру­ва­ме де­ка се­га, ко­га има­ме нов дом, таа пуб­ли­ка по­втор­но ќе би­де со нас, да се ра­ду­ва и да се нас­ла­ду­ва на на­ше­то му­зи­ци­ра­ње.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Дејан Станчевски
(Текст објавен во 246. број на неделникот „Република“, 19.5.2017)

Top