вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 126 ново

ФА од следната сезона ќе казнува играчи кои ќе се обидат да симулираат на терен

sudija anglija

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) соопшти дека ретроактивно ќе ги казнува играчите кои симулираат на терен, ако судиите тоа не го забележат во текот на натпреварот. Ова ново правило ќе почне да се применува од наредната сезона, а казната за ваков прекршок ќе бидат најмалку два натпревари забрана за настап.

Во образложението на ФА се наведува и дека снимките ќе се прегледуваат во ситуација кога постои сомневање дека имало симулирање кое довело до пенал и црвен или втор жолт картон.

Евентуалната казна ќе мора да биде донесена со едногласна одлука на тричлена комисија составена од поранешен играч, поранешен судија и поранешен тренер во Премиер лигата.

Top