понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Тажна слика и неверување: Се распаѓа вечниот дом на Тоше (Фото/Видео)

Во октомври се навршуваат десет години од смртта на Тоше Проески, а неговиот вечен дом нема надгробна плоча.

Гробот на Тоше се наоаѓа над неговото родно Крушево. Тоше и понатаму почива во импровизиран вечен дом покриен со вештачка трева.

Гробницата е поплочена со бекатон плочки, кои пропаѓаат и тонат, а металанта констуркција е покриена со пластики.

tose-proeski-grob-foto-printskrin-yt-1495191729-1188217

Екипата на емисијата 360 на АлсатМ телевизија, вака го видела гробот на Тоше пред 5 години,а деновиве ја затекла истата ситуација.

„Дај малку вештачка трава да покрием овде. Дај ми неколку плишани срциња. Ти среди ја едната страна, јас другата, да не видат дека местото е во распаѓање“, ваков дијалог воделе луѓето кои тогаш се грижале за вечниот дом на Тоше.

-Што да правиме? Ние го средуваме местото до 2 ноември 2007 година. Многу луѓе дочекавме, сите донесуваат цвеќе, плишани мечиња, кукли. Телото на Тоше е покриено со земја која тоне, паѓаат и плочките попуштат и кровната конструкција, изјавил тогаш Ратко Трајчевски кој го уредува местото.

tooos

А еден фан разочаран од вечниот дом на Проески искоментирал: Да види Тоше каде почива, ќе се превртува во гробот, пренесува екипата на АластМ.

Tooosss

Во 2008 година, помалку од една година по неговата смрт, беше донесена одлука за изградба на меморијален споменик на Тоше Проески, кој постхумно беше прогласен за почесен граѓани на Македонија. Споменикот требаше да биде завршен за две години. Но по една деценија, Тоше уште почива во гробот, во кој нема надгробна плоча.

Имровизираната гробница е покриена и оградена со пластика за ветерот да не ги разнесе предметите кои неговите фанови со љубов му ги носат.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година, а почина на 16 октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка во Хрватска.

Над Крушево се издига манастирот Свето Преображение за чија градба е заслужен Тоше.

– Овде го наоѓам својот душевен мир и знам дека после се ќе завршам овде, изјави во една прилика Проески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top