сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Драма во Виница, гореше зграда

Во 15 часот во текот на вчерашниот ден се одвивала драма во зграда на улицата „Никола Карев“, во вториот влез на вториот кат.

Пожарот, како што пренесуваат од полицијата, избувнал на заедничката тераса на станарите, а изгореле предмети во сопственост на станарите од катот. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Виница. Повредени лица за среќа нема.

Причината за настанувањето на пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

Top