недела, 22 октомври 2017 | Вести денес: 71 ново

Американците се враќаат – Нови војници и пораки на Балканот

Над­нас­ло­вот на оваа ко­лум­на на мно­гу­ми­на од по­во­зрас­ни­те чи­та­те­ли ќе им го вра­ти се­ќа­ва­ње­то за аме­ри­кан­ски­от игран филм „Ру­си­те до­а­ѓа­ат“, кој се еми­ту­ва­ше по­ве­ќе па­ти во пос­лед­ни­те де­се­ти­на го­ди­ни од по­ра­неш­на­та Ју­гос­ла­ви­ја. Во фил­мот се збо­ру­ва за еки­паж на рас­и­па­на ру­ска под­мор­ни­ца ко­ја за­рин­ку­ва крај аме­ри­кан­ски­от брег и ба­ра по­мош од ло­кал­ни­те жи­те­ли кои ќе по­мис­лат де­ка Ру­си­ја ѝ об­ја­ви­ла вој­на на САД, по што се под­го­тву­ва­ат за од­бра­на. Овој филм, кој за­вр­шу­ва ка­ко среќ­на при­каз­на, мно­гу ли­чи на се­гаш­на­та со­стој­ба на Бал­ка­нот во кој пре­дол­го вре­ме се слу­чу­ва­ат ко­ме­дии ка­ко увер­ти­ра за го­ле­ми тра­ге­дии

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Во се­гаш­на­та ре­ал­ност вој­ни­ци­те што до­а­ѓа­ат не се Ру­си, ту­ку Аме­ри­кан­ци, тие не до­а­ѓа­ат на остров, ту­ку на Ко­со­во, а по­пре­циз­но е да се ка­же де­ка тие се вра­ќа­ат ме­сто де­ка до­а­ѓа­ат. При­стиг­ну­ва­ње­то на 130 аме­ри­кан­ски вој­ни­ци при­пад­ни­ци на до­бро­о­бу­че­ни и опре­ме­ни еди­ни­ци на ар­ми­ја­та на САД, кои се спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни за во­нред­ни без­бед­нос­ни ин­тер­вен­ции, не би тре­ба­ло да пре­диз­ви­ка ни­ка­кви по­себ­ни ин­те­ре­си на ре­ги­о­нал­на­та и на свет­ска­та јав­ност за­тоа што тие не се ни­ту пр­ви­те ни­ту единс­тве­ни­те аме­ри­кан­ски и за­пад­ни вој­ни­ци што се ста­ци­о­ни­ра­ни на Ко­со­во. Во мо­мен­тов во по­ра­неш­на­та ју­гос­ло­вен­ска по­кра­и­на има по­ве­ќе од 4.600 вој­ни­ци на НА­ТО, од кои по­ве­ќе од 500 се од САД.

Зо­што при­стиг­ну­ва­ње­то на но­ви­от кон­тин­гент аме­ри­кан­ски вој­ни­ци има по­го­ле­мо зна­че­ње од обич­на про­ме­на на со­ста­вот на во­е­на­та ми­си­ја на САД во мул­ти­на­ци­о­нал­на­та еди­ни­ца во ко­ја чле­ну­ва­ат 31 др­жа­ва, на си­те им е јас­но. Ре­ги­о­нот се со­о­чу­ва со но­ви без­бед­нос­ни пре­диз­ви­ци отка­ко ал­бан­ски и ко­сов­ски по­ли­ти­ча­ри поч­наа јав­но да го­во­рат за ме­ну­ва­ње на гра­ни­ци­те на Бал­ка­нот, а Ср­би­ја на­ба­ви со­вре­ме­но и моќ­но ру­ско оруж­је кое ни­кој во Ср­би­ја не­ма да го чу­ва на стра­на до­кол­ку Бел­град се по­чув­ству­ва за­гро­зен.

До­кол­ку си­ту­а­ци­ја­та е крај­но се­ри­оз­на за да се ис­пра­ќа но­ва вој­ска, не­јас­но е зо­што оваа тен­зи­ја не се ре­ши со дип­ло­мат­ски че­ко­ри, ка­ко по­ви­ку­ва­ње на ко­сов­ски­от, срп­ски­от или ал­бан­ски­от ам­ба­са­дор во Ва­шин­гтон, ка­де што во Стејт де­парт­мен­тот ќе им би­де пре­циз­но ка­жа­но де­ка гра­ни­ци­те во ре­ги­о­нот се за­вр­ше­на при­каз­на. Или зо­што Ра­муш Ха­ра­ди­нај сѐ уште не е ста­вен на „цр­на­та ли­ста“ на САД по­ра­ди не­го­ви­те нај­а­ви за оп­шта вој­на.

Те­о­ре­ти­ча­ри­те на вој­на­та и дип­ло­ма­ти­ја­та зна­ат де­ка ко­га би­ро­кра­ти­те не мо­жат да ги над­ми­нат проб­ле­ми­те, то­гаш во игра вле­гу­ва­ат вој­ни­ци, но и ова сце­на­рио е мал­ку ве­ро­јат­но за­тоа што 130 но­ви вој­ни­ци не мо­жат ни­ту да спре­чат ни­ту да про­ме­нат не­што во од­но­сот на си­ли­те во ре­ги­о­нот до­кол­ку, ка­ко што нај­а­ву­ва­ат пред сѐ срп­ски­те и ру­ски­те ме­ди­у­ми, поч­не во­о­ру­жен су­дир ме­ѓу ко­сов­ски­те ра­ди­ка­ли и срп­ски­те си­ли во Пре­шев­ска­та До­ли­на, ка­де што за­се­га е нај­си­лен при­ти­со­кот, ду­ри по­го­лем и од срп­ска­та енк­ла­ва во се­вер­но Ко­со­во, ко­ја со го­ди­ни ва­же­ше за ед­на од нај­експ­ло­зив­ни­те ло­ка­ции на европ­ски­от кон­тин­гент.

Ед­но од сце­на­ри­ја­та кое, исто та­ка, се на­мет­ну­ва по сред­ба­та Тај­лер­сон – Ла­вров и Трамп – Ла­вров во Ва­шин­гтон е де­ка за по­те­гот на САД на Ко­со­во има до­го­вор ме­ѓу две­те су­пер­си­ли и де­ка но­ви­те вој­ни­ци не­ма да пре­диз­ви­ка­ат кон­тра­че­ко­ри од ру­ска, од­нос­но од срп­ска стра­на, што е пре­дус­лов евен­ту­ал­на­та не­ста­бил­ност на Ко­со­во да се ли­ми­ти­ра во рам­ки на по­стој­ни­те гра­ни­ци без да се ши­ри над­вор од по­ра­неш­на­та срп­ска по­кра­и­на. Ова сце­на­рио е од осо­бе­на важ­ност за Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што до­кол­ку по­стои ка­ков би­ло вид до­го­вор ме­ѓу Мос­ква и Ва­шин­гтон за сми­ру­ва­ње на стра­сти­те во ре­ги­о­нот, тоа мо­же и кра­тко­роч­но и дол­го­роч­но да ги на­ма­ли тен­зи­и­те ду­ри и ако на­ви­сти­на Ха­ра­ди­нај се оби­де да го освои Ниш, мож­ност што во мо­мен­тов е све­де­на на обич­на ше­га.

kol246-gm-balkan-albania-kosovo

Пре­ду­пре­ду­ва­ња од Ру­си­ја

Она што за наб­љу­ду­ва­чи­те е осо­бе­но ин­те­рес­но е тоа што при­стиг­ну­ва­ње­то на но­ви­те вој­ни­ци на САД се сов­па­ѓа со об­ја­ва­та на сце­на­ри­о­то на ру­ски ме­ди­у­ми бли­ски до Кремљ, кои пред­ви­ду­ва­ат же­жок ју­ни. Вес­ни­кот „Иве­сти­ја“, кој ва­жи за „се­на­ци­о­на­лен ру­ски вес­ник“ и кој до пред не­ко­ја го­ди­на бе­ше во сопс­тве­ност на ру­ски­от енер­гет­ски ги­гант во др­жав­на сопс­тве­ност „Газ­пром“, ве­ќе на­ве­сти де­ка во ју­ни по пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри на Ко­со­во и ре­дов­ни­те во Ал­ба­ни­ја се мож­ни се­ри­оз­ни пре­диз­ви­ци во и око­лу Ко­со­во и Ал­ба­ни­ја. Спо­ред „Из­ве­сти­ја“, ко­ја има од­лич­ни вр­ски со ру­ски­те служ­би за раз­уз­на­ва­ње и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње, по во­нред­ни­те из­бо­ри на 11 ју­ни на власт во При­шти­на ќе дој­де ек­стрем­на вла­да, нај­ве­ро­јат­но, со­ста­ве­на од дви­же­ње­то „Са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње“ и Ра­муш Ха­ра­ди­нај, кои се за­ла­га­ат за одр­жу­ва­ње ре­фе­рен­дум за обе­ди­ну­ва­ње на Ко­со­во и на Ал­ба­ни­ја, а со отво­ре­ни очи со­ну­ва­ат за при­по­ју­ва­ње на Ал­бан­ци­те од Јуж­на Ср­би­ја.

Во овој кон­текст не тре­ба да се за­бо­ра­ви де­ка се­дум во­деч­ки чле­но­ви на „Са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње“, по­крај ко­сов­ско, има­ат и ал­бан­ско др­жав­јанс­тво из­да­де­но од стра­на на пре­тсе­да­те­лот на Ал­ба­ни­ја, Бу­јар Ни­ша­ни, што на си­те во ре­ги­о­нот им ис­пра­ќа по­себ­ни сиг­на­ли за тоа ка­ко ќе се од­не­су­ва Ал­ба­ни­ја во слу­чај нив­ни­те фор­мал­ни гра­ѓа­ни да поч­нат би­тка за се­ал­бан­ско обе­ди­ну­ва­ње.

 

Сиг­на­ли­те и по­ра­ки­те се (не)јас­ни

Ко­га се збо­ру­ва за сиг­на­ли и по­ра­ки со че­ко­ри­те пре­зе­ме­ни или не­пре­зе­ме­ни од раз­лич­ни­те акте­ри во бал­кан­ска­та и во гло­бал­на­та по­ли­ти­ка, мо­ра да се ка­же де­ка САД со ис­пра­ќа­ње­то но­ви 130 вој­ни­ци упа­ту­ва­ат ни­за раз­лич­ни по­ра­ки до си­те во ре­ги­о­нот. Спо­ред ло­ги­ка­та на ра­бо­ти­те, во си­ту­а­ци­ја ко­га ни­ту еден ал­бан­ски и ко­сов­ски ли­дер не­ма до­би­е­но за­бра­на за па­ту­ва­ње во САД и во ЕУ, ни­ту има за­мрз­нат имот во за­пад­ни др­жа­ви иа­ко со сво­е­то по­ве­де­ние јас­но ра­бо­тат про­тив ста­бил­ност на за­пад­ни­от Бал­кан, Ва­шин­гтон ќе ба­ра дру­ги на­чи­ни да ги ста­ви под кон­тро­ла не­пос­луш­ни­те по­ли­ти­ча­ри.

Во отсус­тво на јас­на вол­ја јав­но да се на­ру­шат од­но­си­те ме­ѓу САД и ал­бан­ски­от фа­ктор, кој е нив­ни нај­ве­рен со­јуз­ник, не се иск­лу­чу­ва де­ка ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Трамп ќе се оби­де од­на­тре да вли­јае врз од­не­су­ва­ње­то на ко­сов­ска­та вла­да, ко­ја и да е таа. Ис­пра­ќа­ње­то до­пол­ни­те­лен кон­тин­гент вој­ни­ци зна­чи ди­рект­на по­ра­ка де­ка ко­сов­ска­та ар­ми­ја не мо­же да би­де фор­ми­ра­на во дог­лед­но вре­ме, нај­мал­ку до­де­ка не се ста­би­ли­зи­ра­ат од­но­си­те со Ср­би­ја.

Ед­на че­та вој­ни­ци на САД во во­е­на смис­ла не зна­чат ни­што, но во сим­бо­лич­ка смис­ла нив­но­то при­стиг­ну­ва­ње зна­чи мно­гу за­тоа што и на Ко­сов­ци­те, и на Ср­би­те, и на Ма­ке­дон­ци­те САД им по­ра­чу­ва­ат де­ка не го за­не­ма­ри­ле за­пад­ни­от Бал­кан и де­ка на­ско­ро по це­лос­но­то пре­зе­ма­ње на по­зи­ци­и­те на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Трамп мо­же да се оче­ку­ва­ат зго­ле­ме­ни по­ли­тич­ки, еко­ном­ски и дип­ло­мат­ски на­по­ри за ста­би­ли­за­ци­ја на воз­не­ми­ре­ни­от ре­ги­он. Во тој кон­текст не тре­ба да нѐ за­чу­ди ако 130-те вој­ни­ци се са­мо дип­ло­мат­ски че­кор со кој тре­ба да се до­бие на вре­ме.

Во пос­лед­ни­от че­кор на Ва­шин­гтон има по­ра­ки и за Ср­би­ја, ко­ја до­пол­ни­тел­но тре­ба да ги ола­ба­ви без­бед­нос­ни­те про­це­ду­ри кои ва­жат во Пре­шев­ска­та До­ли­на, а на кои се жа­лат Ал­бан­ци­те до Ру­си­ја и Тур­ци­ја, кои по­сте­пе­но го по­пол­ну­ва­ат по­ли­тич­ки­от, еко­ном­ски­от и без­бед­нос­ни­от ва­ку­ум на Бал­ка­нот, но и до Европ­ска­та уни­ја, ко­ја соз­да­ва не­ста­бил­ност со ко­ле­ба­ње­то да во­ве­де но­во ни­во на ин­те­гра­ци­ја на зем­ји­те од ре­ги­о­нот.

kol246-gm-balkan-us-soldiers

Цр­ни сце­на­ри­ја

За жал, исто­ри­ја­та на Бал­ка­нот до­се­га ни по­ка­жу­ва де­ка цр­ни­те сце­на­ри­ја се­ко­гаш пре­ов­ла­ду­ва­ат пред среќ­ни­те при­каз­ни. Ако се ана­ли­зи­ра од таа по­чет­на точ­ка, то­гаш ни­ту на Ко­со­во ни­ту на Ср­би­ја, а уште по­мал­ку на Ма­ке­до­ни­ја, им се пи­шу­ва до­бро. Ис­пра­ќа­ње­то на вој­ни­ци­те мо­же да зна­чи де­ка САД ис­пра­ќа­ат си­ли што тре­ба да ги за­шти­тат нив­ни­те ин­ста­ла­ции на Ко­со­во кои ќе би­дат на удар во евен­ту­а­лен су­дир. Тоа ин­ди­рект­но зна­чи де­ка САД не­ма­ат кон­тро­ла на рас­теч­ки­от на­ци­о­на­ли­зам и де­ка не мо­жат да се спра­ват со апе­ти­ти­те на ал­бан­ски­те и на ко­сов­ски­те вла­сти кои са­ка­ат да се обе­ди­нат по се­ко­ја це­на. По­ли­ти­ка­та на изо­ла­ци­о­ни­зам, ко­ја во пре­диз­бо­ри­е­то ја дек­ла­ри­ра­ше До­налд Трамп, ги по­ткре­пу­ва овие сце­на­ри­ја, спо­ред кои САД не­ма да тро­шат ре­сур­си ни­ту нив­ни вој­ни­ци ќе ги­нат на те­ре­ни ка­де што ди­рект­но не се бра­ни аме­ри­кан­ски­от су­ве­ре­ни­тет или ин­те­гри­тет. А, Ко­со­во или Јуж­на Ср­би­ја, иа­ко има­ат зна­чи­тел­ни ко­ли­чи­ни јаг­лен и се важ­на со­о­бра­ќај­на кр­стос­ни­ца пре­ку ко­ја мо­же да пе­не­три­ра­ат здру­же­ни­те ру­ски и ки­не­ски др­жав­ни кор­по­ра­ции, не се Ку­вајт, Ве­не­цу­е­ла или Ли­би­ја, ка­де што САД ги бра­нат сво­ја­та енер­гет­ска ид­ни­на и еко­но­ми­ја.

Ова сце­на­рио е ка­та­стро­фал­но за си­те во ре­ги­о­нот за­тоа што, пра­ктич­но, зна­чи доз­во­ла за оп­шта те­пач­ка во ре­ги­о­нот по прин­ци­пот по­бед­ни­кот до­би­ва сѐ, а САД ќе го приз­на­ат по­бед­ни­кот. Ако ова сце­на­рио е во игра, Ма­ке­до­ни­ја и но­ва­та вла­да мо­ра да се под­го­тват за се­ри­оз­ни уда­ри. Пред сѐ од оние ма­ке­дон­ски по­ли­ти­ча­ри што сво­ја­та и ид­ни­на­та на сво­и­те де­ца ја гле­да­ат во Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, а не во уни­тар­на Ма­ке­до­ни­ја. Иа­ко тре­ба да се би­де ре­а­лен де­ка нај­го­лем дел од ал­бан­ски­те по­ли­ти­ча­ри са­ка­ат да би­дат рам­но­прав­ни гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, мо­ра да се ка­же де­ка уште по­го­лем дел од нив не­ма­ат хра­брост да се спро­тив­ста­ват на ве­ли­ко­ал­бан­ска­та тен­зи­ја што им до­а­ѓа и до­пр­ва ќе им при­стиг­ну­ва од нив­ни­те бра­ќа пре­ку за­пад­на­та и се­вер­на­та гра­ни­ца. Во ова сце­на­рио ед­на од глав­ни­те уло­ги ќе ја има и парт­не­рот на Ра­муш Ха­ра­ди­нај од СМС по­ра­ки­те об­ја­ве­ни пред не­ко­ја го­ди­на, ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, кој ка­ко нов пре­ми­ер ќе тре­ба да го спре­чи се­кој обид на ал­бан­ски­те ра­ди­ка­ли да ја втур­нат Ма­ке­до­ни­ја во нов конф­ликт.

 

(Текст објавен во 246. број на неделникот Република, 19.05.2017)

Top