вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Мухамеди: Владата ќе биде нефункционална и нема да трае повеќе од шест месеци

Чуден е односот на албанските партии откако Зоран Заев го доби мандатот за формирање влада. Веќе не се знае кој што бара и кој што добива и во чии име лидерот на СДСМ ги даде гаранциите, нагласува политичкиот аналитичар Нијази Мухамеди.

Тој во разговор за македонски „Телеграф“, нагласува дека лидерите на партиите како да заборавија на платформата и на барањата што ги имаа за дојдат на власт.

– Тоа не беше ниту тиранска платформа ниту декларација, туку барања на Албанците што ги има во нивните програми. Сметам дека во ова најголемо влијание имаше ДУИ, за да се наметне како прва партија кај Албанците и да ги придобие гласачите – вели Мухамеди за „Телеграф“.

Според него, чудно е како тие прифатија Заев во нивно име да ги потпише гаранциите за учество во владата.

– Поради тоа, сметам дека новата влада ќе биде нефункционална и нема да трае повеќе од шест месеци – дециден е Мухамеди.

Мухамеди го коментира и учеството на партиите на Албанците во новата влада, во која треба да влезат ДУИ, „Алијансата за Албанците“ и, можеби, Беса.

– Клучна партија во новата влада ќе биде Алијансата за Албанците. Без нивните тројца пратеници ништо нема да значат 49. пратеници на СДСМ и десетте на ДУИ – додава Мухамеди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top