петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 84 ново

„Црвената фурија“ со најсилен состав ќе го освојува Скопје

Фудбалската репрезентација на Шпанија во најсилен состав ќе дојде во Скопје на 11 јуни, на квалификациски дуел против Македонија, во рамките на циклусот за пласман на СП во Русија следната година. Селекторот Хулен Лопетеги одреди список од 25 репрезентативци, на кој се наоѓаат сите најголеми ѕвезди на шпанскиот фудбал.

„Црвената фурија“ ќе допатува на „Филип Втори“ предводена од ведетите Андрес Иниеста, Диего Коста, Давид Силва, Серхио Рамос, Жерар Пике, Давид Де Хеа…

Интересно е дека освен Жерар Делофеу со Милан и Асиер Илјараменди од Реал Сосиедад, сите преостанати фудбалери од селекцијата на Шпанија оваа сезона играа во Лигата на шампионите или Лигата на Европа со своите клубови.

На списокот на Лопетеги се најдоа следните имиња:

Голмани: Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед), Пепе Реина (Наполи), Кепа Аризабалага (Атлетик Билбао).

Одбрана: Жорди Алба (Барселона), Цезар Аспиликуета (Челси), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Игнасио Монреал (Арсенал), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Жерар Пике (Барселона), Начо Фернандез (Реал Мадрид).

Среден ред: Серхи Роберто (Барселона), Иско Аларкон (Реал Мадрид), Серхио Бускетс (Барселона), Тијаго Алкантара (Баерн Минхен), Асиер Илјараменди (Реал Сосиедад), Андрес Иниеста (Барселона), Коке (Атлетико Мадрид), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Иаго Аспас (Селта), Жерар Делофеу (Милан), Давид Силва (Манчестер сити).

Напад: Витоло (Севилја), Педро Родригез (Челси), Алваро Мората (Реал Мадрид), Диего Коста (Челси).

Top