петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Убавата Босанка што се омажи за стариот милијардер: Изгледот и годините не се важни

Триесет и деветгодишната Нади Хасандедиќ, која е по потекло од Босна и Херцеговина, се омажи за 32 години постариот мултимилијардер од Сиднеј, Невил Кричтон.

Венчавката беше најавена како настан на годината во Австралија бидејќи за истата пишуваа сите светски медиуми откако беше откриено дека за прославата тој ќе потроши дури еден милион долари. Нади за „Аваз“ даде интерјву во кое открива детали од својот приватен живот.

Bosanka2

Нејзиниот татко долги години живеел во Австралија пред да се врати во Мостар, каде што ја запознал нејзината мајка. По венчавката, се вратиле во Австралија, каде што е родена Нади, а по војната повторно го посетиле Мостар. Само неколку месеци потоа таткото од Надин починува од рак.

Таа истакнува дека често го посетува градот на Неретва, кој го посети и со својот сопруг. „Се обидувам да дојдам секоја година, да се видам со семејството и со пријателите. Невил, меѓутоа, секоја година оди на Формула 1 во Монако, така што неговото лето е таму, а моето во Мостар или на Јадранот. Сега се договоривме половина од времето да го поминеме во Монако, а половина во Босна“, вели Нади.

Bosanka3

Многумина ја истакнуваат нивната возрасна разлика, но таа вели дека совршено се надополнуваат. „Невил ја сака мојата реалност, тоа што имам, како што вели тој, стара душа која е токму според неговата, бидејќи тој е со млад дух и погледи на животот, така што се наоѓаме некаде на средина. Мојот сопруг сака брз живот, сака да работи и да се забавува, а јас сум спротивност од него, поприземна“, додава таа.

„Се запознавме преку некои пријатели, случајно, на еден божиќен ручек. Не мислевме дека меѓу нас ќе се случи нешто повеќе од пријателство, посебно поради разликата во годините, но, ете, се случи, бидејќи сфатив дека неговиот изглед и годините ми се небитни“, се потсетува Нади.

Невил се збогатил со увоз на автомобили, од што заработил 400 милиони долари. Неодамна купи вила вредна 33 милиони долари во која новопечената брачна двојка ќе ги минува своите семејни моменти. Нади е повеќе од задоволна од организацијата на свадбата.

„Венчавката беше бајковита, не можеше да биде поубаво, многу романтично и, што е најважно, сите гости беа задоволни“, вели таа. Додаде дека на свадбата не слушале босанска музика, а дека омилен пејач за неа е Халид Бешлиќ, посебно песната „Миљацка“.

Има работено за Кристијан Диор во Сиднеј, но никогаш не се занимавала со манекенство. Изјави дека одвреме-навреме се вклучува во некои проекти од модниот свет, но дека нема премногу време за тоа бидејќи главно се занимава со хуманитарна дејност.

Top