недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 74 ново

За некои здравствени проблеми лековите не се неопходни

За сите здравствени проблеми не се неопходни лекови. Одредени проблеми можат да се отстранат со консумрањето на соодветна храна богата со неопходните минeрали и витамини.

Отежнатото зараснување на рана ќе го забрзате со минералот цинк и витамините Ц и К. Оваа успеша формула се добива од комбинацијата на пиперка, домат и риба.

Масната кожа и мозолчињата обично се јавуваат поради недостаток на биотин и витамин б2. Со јогуртот од соја се надокнадува биотинот, а витаминот Б2 со обичниот јогурт.

Опаѓањето на косата ќе го запрете и регенерирате со биотин и цинк. Затоа денот започнете го со мусли со додаток од бадеми и едно варено јајце.

Крварењето на непцата ќе го ублажите со витаминот А и Ц. За зголемување на нивната содржина во организмот доволно е да испиете една чаша сок од моркови и портокал. Во сокот задолжително додадете и лажичка маслиново масло.

Постојаниот замор кој најверојатно е последица од недостатокот на железо ќе го отстраните со честото консумирање на храна од леќа. Исто така, секојдневно изедете по едно јајце.

Top