вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 125 ново

Рома не дозволува Валверде да биде тренер на Барселона?!

valverde

Италијанскиот калчолигаш Рома нема така лесно да се откаже Ернесто Валверде, шпанскиот стратег кој се најавува како нов тренер на каталонскиот гигант Барселона. Тој треба да го замени Луис Енрике на клупата на „Камп Ноу“, но новиот спортски директор на Рома, Мончи, ќе се обиде да го доведе на „Олимпико“, како нов шеф на стручниот штаб на „волчицата“ и наследник на Спалети.

Мончи е еден од експертите за ангажман на нови фудбалери во Европа, тој успеа да доведе значајни засилувања за Севилја во изминатиот период, а сега стартува со работа во редовите на Рома и сака да го доведе за тренер токму Валверде. Барселона најави дека нема да го објави името на тренерот до 29 мај, кога сезоната и официјално ќе биде завршена за нив, но дотогаш е можно Мончи да вплетка прсти во ангажманот на Валверде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top