понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Срам да ти е, ти си убиец и криминалец – Косовската амбасадорка во САД ја гаѓаа со јајца (Видео)

Косовската амбасадорка во САД, Вљора Читаку, вчера беше вербално нападната на настан на Универзитетот во Денвер, а истата активистка која најпрво и упати остри навреди, потоа на два пати ја гаѓаше со јајца.

– Срам да ти е, ти си криминалец и убиец, вознемирено викнала активистката на косовското радикално движење Самопоределување, Блерта А., која на Читаку најпрво и постави неколку прашања. Таа ја обвинила амбасадорката дека на Косово не владее правото, нема работа, не се почитуваат правата на ЛГБТ лицата и дека нема ооразование ниту здравствена заштита.

Самата амбасадорка на својот Фејсбук профил го потврдила инцидентот и објави дека била нападната во присуство на поранешниот американски амбасадор во неколку земји во белканскиот регион Кристофер Хил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top