недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 74 ново

Проверете дали сте депресивни

Пациентите кои се сомневаат дека страдаат од депресија треба да побараат помош кај својот матичен лекар и да почнат да разговараат за овој проблем затоа што депресијата може да се лекува. Довербата која ја има пациентот во својот матичен лекар е еден од главните услови за рана детекција, препознавање, дијагностицирање и навремено лекување.

Светскиот ден на семејните и општи лекари 19 мај е посветен на депресијата. Изготвен е прашалник за самопроценка на депресијата од страна на пациентите кои ќе го посетат својот матичен лекар.
– Прашалниците се веќе достапни за матичните лекари, дел се дистрибуирани директно на одредена група лекари, кои се известени преку социјалните мрежи и преку нашата веб-страна дека можат прашалникот ако имаат потреба да го преземат. Целта е да видиме дали ќе успееме да детектираме пациенти со знаци на депресија, а скорот кој ќе го добиеме ќе ни укаже дали се работи за лесна, тешка депресија или депресија која има во своето навестување и суицидален карактер – рече претседателот на Здружението на лекари по општа медицина-семејна медицина, Катерина Ковачевиќ.

Top