петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 34 ново

Во Пловдив отворена изложбата „Поврзување“ во рамките на манифестацијата „Ноќ на музеите“

Вчеравечер, во рамките на манифестацијата “Ноќ на Музеите” во Пловдив, во познатата Балабанова Куќа, беше отворена изложбата “Поврзување”.

Овој ликовен проект се  реализираше со помош на нашиот Културно-информативен Центар во Бугарија, а во него , со преку 50 дела беа претставени ликовните уметници Мирјана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Иво Пецов, Иван Стоименов, Слободан Милошески, Горан Тричковски и Павел Целкоски.

Plovdiv2017e

Изложбата која во Пловдив ќе може да биде видена до 31 мај, ја отворија директорот на КИЦ ма Р.Македонија Васко Шутаров и зам.директорот на Општинскиот Институт “Стар Пловдив”, Светлозар Чичиков. По овој повод беше нагласена, веќе традиционално добрата и плодна соработка помеѓу двете институции, во пресрет на 2019 година, кога Пловдив станува Европска престолнина на културата.

Top