среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Австрија: Ако изборите би се случеле денеска, Курц би бил победник

Image: 0188696059, License: Rights managed, Austrian Foreign Minister, Sebastian Kurz gives a press conference after a meeting with his Bosnian counterpart in Sarajevo on March 27, 2014. Both ministers arrived for a two-day official visit to Bosnia and Herzegovina., Place: BOSNIA AND HERCEGOVINA, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, AFP

Првото истражување на јавното мислење откако Себастијан Курц стана лидер на Народната партија на Австрија (ОВП) покажува дека таа листа би победила на изборите.

За листата на Себастијан Курц, во овој момент би гласале дури 33 отсто од Австријците. Со тоа Курц зад себе остави седум проценти разлика зад Социјалдемократската партија, но и Слободарската партија.

Австрија на 15 октомври, на предвремени избори, избира нов состав на Парламентот, а до тогаш многу работи можат да се променат, па истражувачите на јавното мислење велат дека Курц може да остане на истото ниво, но и да ја зголеми својата поддршка.

Курц ја презеде ОВП откако лидерот на партијата, Рајнхолд Млтерленер неочекувано си поднесе оставка.

Најмладиот член на австриската влада најпрво најави крај на коалицијата со Социјалдемократската партија, а потоа и дека на следните избори ќе се кандидира со посебна листа, на која нема да бидат само партиски кадри на ОВП, што претседателстовото на партијата го прифати.

Top