среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Поставени осум патоказни табли во центарот на градот (Фото)

tabli1

Градот Скопје, со цел промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите, постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот.

Како што информираа градските власти, поставени се осум столба со по три патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните за лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.

022

Овие туристички табли се поставени на следните локации: Плоштад „Филип Втори“, наспроти црквата „Свети Димитрија“, плоштад „Филип Втори“ до Камениот мост, плоштад „Македонија“ до Ристиќевата палата, наспроти Порта Македонија,  наспроти Собрание на РМ, меѓу хотелот „Холидеј ин“ и мостот, Улица Македонија, кај пешачкиот премин кај „Рекорд“ и на улица Македонија, кај пешачкиот премин на улицата Даме Груев.

04

Top