понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Чаби Алонсо: Цел живот ќе жалам за три нешта во мојата кариера

cabi alonso

Баерн Минхен утре на домашен терен го пречекува Фрајбург во последното коло од актуелната сезона во Бундеслигата, натпревар кој за две големи легенди кои настапуваат за овој тим практично ќе значи и последен меч во играчките кариери.

Веќе извесно време познато е дека Филип Лам и Чаби Алонсо ќе стават крај на своите играчи кариери со крајот на тековната сезона, а бидејќи тоа за Баерн е претстојниот меч со Фрајбург, јасно е што фудбалската јавност полека но сигурно започнува да се збогува со двата исклучително квалитетни фудбалери.

Ако пензионирањето на Лам е топ тема во Германија, повлекувањето на Чаби Алонсо секако привлекува повеќе внимание во Шпанија, па оттаму и последното ексклузивно интервју за шпанска „Марка“ во кое поранешниот играч на Реал Мадрид, Ливерпул и Реал Сосиедад даде една навистина интересна изјава.

Во своето обраќање, Чаби Алонсо се потсети на сите големи и важни трофеи во неговата играчка кариера, но сепак призна дека има и три нешта за кои ќе жали до крајот на животот.

alonso i lam

– Првото нешто за што жалам е моментот кога ни побегна титулата во Примера со Реал Сосиедад во 2003 година, бевме многу блиску до тоа, се боревме до крајот, но не успеавме. Неосвојувањето на Премиер лигата со Ливерпул е втората работа која ќе ме прогонува, освоивме се, но не успеавме и Премиер лигата. Во Баерн Минхен пак, јасно е дека ми недостасува Лигата на шампионите. Ако ги имав овие три работи зад себе, тоа ќе беше бомбастично. Ќе жалам за тоа – вели Алонсо во своето обраќање.

Top