петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 84 ново

Тргнаа понудите, Монако одби 75 милиони евра за Мбапе

mbape

Ливерпул ќе мора да ја зголеми сумата за Килијан Мбапе, бидејќи Монако одби 75 милиони евра од Премиерлигашот, тврди шпанска „Марка“. Наводно, новиот француски првак смета дека сумата едноставно не е доволна, но првично понудата била одбиена поради тоа што Монако не размислува да го продаде својот супер-талент. „Дијамантот“ од фудбалската фабрика на Монако може да замине само ако некој клуб ја надмине цената која Јунајтед ја плати за Пол Погба.

„Кнезовите“ вчера ја освоија лигата по 17 години со победа од 2-0 над Сент-Етјен, Мбапе беше стрелец на мечот, а потоа истакна дека следната сезона планира уште пмногу успеси со тимот и најави дека ќе игра уште подобро, со тоа нагласувајќи дека ќе остане играч на . Претседателот на клубот, Димитри Риболовлев инсистира Мбапе да ја продолжи својата кариера во Монако и смета дека трансфер во било кој поголем на таа возраст може да влијае врз неговиот развој и да не го покаже својот максимум.

Иако одигра сензационални партии во француското првенство и Лигата на шампиони, Мбапе со неговите 18 години треба допрва да се докажува на фудбалската јавност. Со уште едно коло до крајот на Лига 1, Мбапе досега учествувал во 23 погодоци на Монако, односно 15 гола и 8 асистенции, а неговиот став и талент прогнозираат уште повеќе придонес на екипата, што значи дека во иднина евентуален трансфер на Мбапе ќе значи и нов светски рекорд.

Top