четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 73 ново

Ердоган: Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на ЕУ

erdogan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска при собирот на бизнис-лидерите во Истанбул наведе дека Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на Европската унија.

Тој ја даде оваа изјава како одговор на прашањето, дали Турција и понатаму треба да ја „моли“ ЕУ и да бара од неа да ја прими.

Турција веќе 54 години настојува да влезе во Унијата, додека земји што подоцна аплицираа за членство или се економски нестабилни веќе се дел од ЕУ.

Ердоган ги критикуваше сè поголемиот број поглавја што се потребни за преговорите за пристапување кон Унијата.

– Ако претставниците на ЕУ продолжат со својот првичен и позитивен став кон нас, можеме да продолжиме. Но, доколку престанат да го прават тоа, тогаш ние можеме сами да се снајдеме – нагласи турскиот претседател.

Top